verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Партискиот пред јавниот интерес

on 25 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

06222015-Dnevnik-Pribe-crop-resize

[Рецензија: Брисел бара да запрат вработувањата во државните служби]

 

Како тоа од долгата серија препораки од извештајот на Рајнхард Прибе, авторот на медиумската содржина што ја рецензираме, ја избрал токму темата за вработувања во државната администрација. Не дека не е битно или дека е помалку битно, но начинот на кој е обработена оваа тема од долгата листа препораки во извештајот на експертската група на ЕК, отвора сериозни прашања за етичкиот пристап. Поради селективноста и поради наведените површни елаборации на темата во која доминира сеењето страв дека ќе пропаднат најавените вработувања и надежите на оние кои ги очекуваа.

06222015-Dnevnik-PribeЛинк до оригиналниот напис: Брисел бара да запрат вработувањата во државните служби

Датум и време на објавување: 19.06.2015, 10:03

Датум на рецензирање: 22.06.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Такквиот тон на популистичко новинарство кое си поигрува со стравовите на читателите засегнати од оваа тема, воопшто не одговара на автентичните препораки кои се многу прецизни и кои повикуваат на длабоки и системски решенија за трајно решение на феноменот вработување во јавната администрација од лукративно-политички причини. Може да се тврди дека надежите и очекувањата на еден дел од граѓаните во Македонија ќе бидат изневерени од овие мерки, но тие надежи и очекувања ги создаде некој друг, а не Брисел. Ги создаде актуелната политичка гарнитура, која со години наназад вработувањето го користи како инструмент за манипулација и за добивање гласови.

Таквиот пристап на авторката на текстот се соочува и се конфронтира со петтиот член од Кодексот на новинарите, кој вели:

Новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.

Не е премногу да тврдиме дека во случајот на партиски обоените вработувања, јавниот е заменет со партиски интерес, а тоа новинарите треба да го препознаат.

Уште еден член веќе традиционално се крши во последните години кај нас – членот 14, кој нагласува дека:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

За жал, и во овој случај не е направено ништо за да се обезбеди непристрасната и избалансирана позиција кога се известува за политички процеси.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

Селективни

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести