verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Официјалната верзија не секогаш е доволна

on 3 - 08 - 2015       

Learnica-Probistip-skrinshot-0987-098-crop-resize

 

[Рецензија: Руската „Кранфилд Фаундри“ ќе гради леарница во Пробиштип]

 

Новинарите што присуствуваат на официјални, промотивни настани, каде ги чекаат извори (извор) кои се релевантни или официјални, не се должни да ги проверуваат информациите. Се разбира, ако од тој настан даваат само извештај во кој е нагласено кој стои зад информациите.
Во принцип, тоа би важело и за извештајот кој е предмет на рецензијата, на телевизијата која испратила екипа во Пробиштип, каде премиерот и министерот за странски инвестиции потпишуваа договор за изградба на леарница. Екипата, односно новинарот, ги пренел сегментите од говорите на присутните од двете страни-потписнички. Притоа, издвоени се порелеватните делови од говорите.

Проблемот со овој прилог е што екипата оди на место меѓу актери кои уште минатата година од неколку извори беа обележани како даватели на целосно невистинити податоци и тоа беше подигнато на ниво на сериозен скандал. Оттаму, опстојувањето на „официјалната верзија“, при постоење на контрадикторни информации (друга страна), која отвори широка дебата, е секако свесно или несвесно наседнување на спин.

Learnica-Probistip-skrinshot-0987-098Линк до оригиналниот напис: Руската „Кранфилд Фаундри“ ќе гради леарница во Пробиштип

Датум на објавување: 29.07.2015, 17:28:18

Датум на рецензирање: 01.08.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Владата денеска потпиша договор за изградба на најсовремена, високо-автоматизирана еколошка леарница за производство на делови за автомобилската индустрија, инвестиција на руската компанија „Кранфилд Фаундри“… За премиерот Никола Груевски новата фабрика ќе се гради токму во овој дел од Македонија со цел да се зголеми вработеноста во овој регион. Во изминатиот период, како резултат на владините политики, се зголеми бројот на погони за производство на автомобилски делови кои ги снабдуваат светските производители на автомобили, истакна министерот Бил Павлески…“

Информацијата по многу клучни точки е неточна, што се потврди со споменатата полемика, која една друга телевизија, за пример, не ја заобиколи и ја истакна во прилогот. Така, компанијата не е руска, туку е регистрирана на Девствените Острови, на една офшор-дестинација. Влогот е 100.000 долари. Потоа, проектот нема добиено еколошка дозвола, што значи дека тој и не мора да се гради – без таа „хартија“ градба нема. Ова значи дека потпишувњето на договорот е преуранет чин, некакво трчање пред руда, односно дека е преддоговор со голем условен прашалник. Многу еколошки друштва и искусни инженери кажаа дека дозвола не ни може да се издаде за објект од таква природа кој ќе се наоѓа на еден километар од центарот на градот итн.

За критиките за овој проект особено е карактеристичен сомнежот дека се работи за истата компанија која под туѓо име (Метрудхем) еднаш беше истерана од Велес, а сакаше да ја обнови топилницата за цинк.

Живееме во доба на рано почната предизборна кампања кога недостигаат вистински и непроблематични проекти, особено такви кои би ги промовирал премиерот.

На последното одговарање пратенички прашања, премиерот не порекна ниту еден од сомнежите за кои се говори, туку само рече дека ним (на власта) им било важно во тој град да има нови вработувања. Значи ли тоа дека и тој самиот не верува во спинот кој доаѓа од препознатлива кујна?!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Постојат сосема противречни факти на други извори

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

Се работи за секвенца од тв прилог

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести