verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Повторно визи за Германија? Тоа, едноставно, не е точно!

on 3 - 08 - 2015       

 

[Рецензија: ПОВТОРНО ВИЗИ ЗА ГЕРМАНИЈА: Се враќа визниот режим за земјите од Балкан]

 

Ова е ударниот наслов на информацијата за која веднаш, на почетокот од рецензијата, мораме да кажеме дека не е вистина. Кои се мотивите и зошто требало да се објави една ваква вознемирувачка и несодржајна вест, која потоа ја пренеле десетина други медиуми, навистина не е јасно, освен ако некој намерно сакал да го сврти вниманието на граѓаните од многуте други проблеми и воедно да ги исплаши?

FireShot-Screen-Capture-111-iNFOMAX_mk-infomax_mk_w-final-finalЛинк до оригиналниот напис:
ПОВТОРНО ВИЗИ ЗА ГЕРМАНИЈА: Се враќа визниот режим за земјите од Балкан

Датум и време на објавување: 29.07.2015

Датум на рецензирање: 31.07.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

НЕРАЗБИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ

Во ударниот дел од информацијата се пишува во сегашно време, објаснувајќи дека Германија практично веќе ги вовела повторно визите за граѓаните на Западен Балкан. Ова не е потврдено со ниеден еден факт, нема извор на информацијата, а конструкцијата на реченици таксативно тврди дека во оваа земја повторно не може слободно да се патува.

„Нема повеќе патување во Германија без виза. Германија ќе преземе посебни активности со цел да се намали бројот на баратели на азил од земјите од Балканот, со повторно воведување на визниот режим за жителите на овие земји.“

Уште еднаш ќе повториме дека ова не е вистина. За да ја потврди „веродостојноста“ на напишаното, написот, како извор, се повикува на објава од „Би-Би-Си“, каде акцентот е ставен на проблемот со азилантите, за кој најмногу зборува премиерот на Баварија, но никаде не се спомнува дека граѓаните од Западен Балкан повеќе нема да патуват во Германија без визи.

Освен овие неколку заплашувачки реченици на почетокот на текстот, понатамошната содржина се однесува на проблемот со мигрантите. Главната вест, дека нема повеќе патување во Германија без виза, се губи од содржината со што целата информација станува несодржајна до крај.

 

ОФИЦИЈАЛЕН БЕРЛИН ТВРДИ СПРОТИВНО

И домашните и меѓународните кодекси, прецизирајќи ја улогата на новинарите и на медиумите, инсистираат на вистинито информирање. Кодексот на ИФЈ вели:

Покрај точно наведување на фактите новинарот мора да има способност да предвиди можна грешка и затоа мора да направи повторна и повторна проверка на фактите и информацијата да му биде автентична и точна.

Зошто го кажуваме ова? Проблемите со азилантите во Германија се големи, особено во Баварија. Тамошниот премиер Хорст Зихофер е еден од заговарачите да се врати визниот режим, меѓутоа тоа не е официјалниот став на Германија. Само малку да се пребарало по интернет, ќе се нашло последното интервју на Манфред Шмит, претседател на Бирото за миграции и за бегалци во Германија, кој, во име на официјален Берлин, тврди нешто сосема спротивно од она што медиумот го објавил.

„Мислам дека воведувањето визи е навистина последното средство. Ние овде имаме значителен број луѓе од Балканот на пазарот на трудот. Во моментов во Германија престојуваат околу 700.000 граѓани од Србија, Босна, Црна Гора, Албанија и од Косово, кои имаат дозвола за престој и тука живеат и работат целосно легално. Враќањето на визниот режим би погодило и луѓе од тој регион, кои легално доаѓаат во Германија и тоа не би било праведно кон нив.“

 

НОВИНАРСКИОТ КОДЕКС

Основниот принцип на однесување на новинарите, кој произлегува од Кодексот, е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде објективно и вистинито информирана. Во овој случај тоа не е испочитувано, како ни членот 1 од Кодексот, кој вели:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

За да ја поправи грешката, новинарот би требало да се однесува во согласност со член 3 на Кодексот.

Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести