verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: „Режимот“ финансиски го поддржа синот на Бранко Героски

on 15 - 12 - 2014       

FireShot-Screen-I-NetPress-netpress_com_mk_rezhimot-finansiski-crop-resize

Нагласено тенденциозен текст кој отвора генерално прашање – имаат ли право членовите на опозицијата, новинарите што ја поддржуваат опозицијата, симпатизерите и членовите на нивните семејства да користат или да учествуваат во трошењето и во поделбата на јавни пари, во овој случај за издавачка дејност.

Од неколку издавачки проекти на „Магор“ кои ги финансирало Министерството за култура, издвоен е само еден, оној со кој е дадена поддршката за печатење на романот „Смрта на уметноста“ на Костадин Героски. Неговата „вина“ е само во тоа што е син на новинарот Бранко Героски.

FireShot Screen Capture #046 - '„Режимот“ финансиски го поддржа синот на Бранко Героски I NetPress' - netpress_com_mk_rezhimot-finansiski-go-pЛинк до оригиналниот напис: „Режимот“ финансиски го поддржува синот на Бранко Героски

Датум и време на објавување: 12.12.2014, 14:48

Датум на рецензирање: 13.12.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ДИСКРИМИНАЦИЈА

Намерата е јасна и очигледна и носи порака, дека тие што ја критикуваат власта не би требало да учествуваат во користењето и во трошењето на јавните пари.

„За оваа цел, авторот од „фашистичкото“ министерство добил 143.000 денари. Но, кога станува збор за пари, очигледно кај најгласниот опозициски новинар сите врати се отворени.“

Ако од буџетот во кој партиципираат сите граѓани на Македонија како даночни обврзници без оглед на нивното политичко определување, парите треба да се дават само на членовите, симпатизерите и на поддржувачите на владејачката партија и на нејзината политика, тогаш се заговара сериозна дискриминација заснована врз политичко определување.

А, ако „промена на ставот кон одредените политики“ на власта се поврзува со парите, како што се сугерира, тогаш власта отворено испраќа порака дека може „секого да корумпира“.

„Не навлегувајќи во вредноста на ова уметничко дело, за што  без сомнение веројатно има подлога штом добива пари од државно министерство, се поставува прашањето како толку брзо Героски ги погазува сите досега изнесени ставови околу криминалот што наводно го правело ова министерство, особено со проектот „Скопје 2014“, а сега, кога неговиот син добива пари оттаму, се е добро и беспрекорно, и се разбира, парите се дадени на вистинскиот автор?“

 

„ЦРНА ОВЦА“

Поради опозициските ставови на неговиот татко, еден млад книжевник се обележува, станува „црна овца“, бидејќи неговото авторство е финансирано од државната каса, тоа се гледа и од насловот („Режимот“ финансиски го поддржа синот на Бранко Героски).

Оној кој не знае може да помисли дека следниот цитат се однесува на младиот автор на романот, иако, колку што е познато, тој никогаш не изјавил дека министерството е фашистичко.

„Опозициските пера, кои ја користат секоја можност да ја оцрнат власта како фашистичка и недемократка, сепак, одат против своите принципи (ако воопшто ги имаат), и немаат ништо против кога овој „режим“ финансира нешто што е нивни личен интерес.“

 

ЛЕПЕЊЕ ЕТИКЕТИ

Рефлексно се исмејува опозицискиот новинар, му се лепи партиска етикета и се прикажува во негативна стереотипизација како превртлив среброљубец, кој за едно спонзорство го сменил политичкото убедување.

„Имено, раководителот на опозицискиот портал „Плусинфо“ и главен уредник на СДСМ-овското гласило „Слободен печат“, Бранко Героски, за кого оваа власт треба да падне по секоја цена, веројатно за првпат е на иста бранова дожина со Министертсвото за култура, кое го спонзорира издавањето на книгата на неговиот син, Костадин Героски.“

 

ДО ЕДНОУМИЕ СО ПАРИ

Се заговара едноумие за финансиска добивка од јавните пари кои им припаѓаат на сите граѓани како даночни обврзници. Тоа е спротивно и на основните принципи на однесување на новинарите кои произлегуваат од Кодексот на новинарите на Македонија, кој вели:

Новинарите, следејќи ја својата улога во градење демократијата и цивилното општество, меѓу другото ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат во јакнењето на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти во јавнит живот.

Повреден е и членот 14 на Кодексот кој вели дека:

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Во кодексот на принципи на однесување на новинарите на Меѓународната федерација на новинари пишува:

Новинарите треба да се свесни за опасноста од поттикнување дискриминација преку медиумите заснована врз раса, пол, политичко или друго мислење и општествено потекло…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести