verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозно заглавие кое не кореспондира со понудената содржина

on 22 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

puls-24-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Пукање во Студеничани: Лица во маскирни униформи напаѓаат во околината на Скопје]

 

Станува збор за обид од класичен полициски билтен да се направи сензационално четиво кое може, а можеби и се сакало, да предизвика вознемиреност, па дури и паника кај дел од јавноста. Главниот проблем е во насловот, кој е сè само не соодветен. Пример за тенденциозно заглавие кое не кореспондира со понудената содржина.

puls 24Линк до оригиналниот напис: Пукање во Студеничани: Лица во маскирни униформи напаѓаат во околината на Скопје

Датум и време на објавување: 17.04.2015, 07:12

Датум на рецензирање: 20.04.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ШТО ТРЕБА ДА ПРОДАДЕ РАЗБОЈНИШТВО ОД ПОЛИЦИСКИ БИЛТЕН

Сензационализам: (Особено во новинарството) е презентација на приказната, настанот на начин кој има цел да испровоцира интерес на јавноста или возбуда за сметка на прецизноста: медиски сензационализам.

Токму тоа го имаме во конкретниот случај – да се предизвика засилен интерес на публиката, но за сметка на точноста. Да, вистина е дека имало настан во близина на Скопје во кој неколкумина маскирани застанале и ограбиле група мигранти од Сирија. Значи, станува збор за класично разбојништво, а не за, како што се сугерира во насловот, можно бунтовничко или терористичко дело. Конкретно, некој сакал да заработи на маката на и онака премногу изнамачените мигранти од Блискиот Исток, кои транзитираат низ земјава, и да им ги „дособере“ малкуте средства што им останале на патот до западните земји. Меѓутоа, работите тргнале на лошо за напаѓачите, бидејќи жртвите реагирале и успеале да се одбранат. Значи, содржински гледано, материјалот нема проблем. Главната мана е насловната конструкција, која повеќе се одликува со сензационализам отколку со вистинитост, информативност и со прецизност. Поедноставено, употребен е наслов кој нема врска со текстот. Во новинарската теорија насловот извршува неколку функции: да информира, накусо да ја раскаже поентата на содржината, да ги привлече читателите и да ги внесе во своевидна „авантура“ на читање и на размислување. Но, во овој случај изгледа дека се сакало премногу да се внесе публиката во „авантура“ и од обично разбојништво, настанот се престорил во „напади во околината на Скопје“. Точно е дека насловната конструкција понекогаш треба да се „нашминка“ за полесно да го продаде текстот, но тоа никако не смее да биде по цена на вистинитоста.

За волја на вистината, овој материјал е чисто „копи-пејст“, поточно „крадење“ на вест со веќе „катастрофално лош наслов“, но тоа во никој случај не ја намалува вината на тој што решил едноставно да ја преслика информацијата со крајно тенденцизна и несоодветна насловна конструкција. Еве како тоа, во согласност со воспоставените стандарди, го решиле дел од медиумите:

„Разбојници нападнале Сиријци во скопско Студеничани па биле совладани“

„Мигранти претепале разбојник што пукал во нив“

Насловот, колку што може да го подобри, толку може и да го влоши вкупниот впечаток за еден напис, нешто што се има случено токму со овој текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

има, преку неточниот наслов

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести