verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарска мимикрија за пристрасност

on 22 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

04212015-Press24-Odlicna-ve-crop-resize

[Рецензија: Одлична вест: Владата ќе им овозможи право на пензија на оние на кои има фали стаж]

 

Уште во насловот на оваа вест е нарушен членот 13 од Кодексот на новинарите кој нагласува:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Значи, мора да биде јасно дека „одлична вест“ во насловот е коментар. Може да има исклучок ако е тоа мислење на некој овластен или експерт кому публиката му верува. Но, тогаш, бездруго, дури и ако е во насловницата на медиумската содржина, мора да биде атрибуирано, односно на мислењето да му се придодаде авторот.

Новинарот и медиумот треба да бидат објективни и да заземаат неутрална позиција. Кој било друг став определува пристрасност. Било кон една или кон друга страна.

04212015-Press24-Odlicna-veЛинк до оригиналниот напис: Одлична вест: Владата ќе им овозможи право на пензија на оние на кои има фали стаж

Датум и време на објавување: 15.04.2015, 09:14

Датум на рецензирање: 20.04.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Уште повеќе што се работи за најава на законска промена која треба да ги обезбеди најавените можности. За да се реализира една законска определба, таа мора да помине низ процедура која не мора да биде секогаш извесна. Дури и во услови кога оние што ја предлагаат и ја спроведуваат таа законска промена, формално, ги имаат сите механизми да го реализираат тоа.

Но, токму во последно време сме сведоци дека набрзина донесените законски измени наидуваат на реакции во јавноста. Некои од нив дури и беа повлечени или изменети поради тој притисок.

Заради тоа уште еднаш нагласуваме дека објективниот пристап и неутралната позиција се најдоброто место од кое новинарите известуваат и ги следат настаните. Така препорачува и членот 14 од Кодексот новинарски:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Едноставни се препораките и работата на новинарите доколку се определени професионално и етички да известуваат. Ако направиле друг избор, тоа секако веднаш ќе се види, а публиката ќе го препознае.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести