verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Професорка касапеше ученици, а нивните соученици уживаа во глетката

on 20 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Професорка-касапеше-ученици-а-нивните-соученици-уживаа-во-глетката-I-Сител-Телевизија-crop-resize

Во само што објавената новинарска лекција за фотографијата во медиумите, објаснивме дека новинска фотографијата може да предизвика силни емоции кај читателите. Сега рецензираме еден таков текст чија целосна содржина е, всушност, во фотографијата и видеото. Дали сме во право кога велиме дека вознемирува и предизвикува силни, па дури и страв и наеженост, погледнете сами.

Што е најлошо, може да предизвика некого и сам да се обиде во ваков експеримент и да настрада, тој – или некој негов близок.

FireShot Screen Capture #095 - 'ВИДЕО_ Професорка касапеше ученици, а нивните соученици уживаа во глетката I Сител ТелевизијаЛинк до оригиналниот напис: Професорка касапеше ученици, а нивните соученици уживаа во глетката

Датум и време на објавување: 14.01.2014,  19:15

Датум на рецензирање: 18.01.2014

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост:  Којзнае дали ова е вистина или не? Нема извор од каде веста и видеото се преземени. Рускиот текст, кој се гледа над видеото, нѐ наведе малку да просурфаме на интернет. Успеавме да го пронајдеме на неколку руски сајтови и на Јутјуб. Се работи за експеримент изведен во едно училиште, во кој настапува хемиска реакција помеѓу алкохол и јод. Медиумот можел да нѐ упати на овие сајтови од каде што ја презел информацијата.

Извори на информации: Нема извор на информации што е сериозен пропуст на медиумот кога се работи за вакви содржини кои експлицитно пренесуваат вознемирувачки фотографии и снимки.

Содржајност: Информацијата нема никаква содржајност, едноставно се пренесени фотографиите и видеото. Авторот целата содржина можел да ја претстави и на друг начин, објаснувајќи на почетокот како пластично може на учениците да им се објасни полезност од хемиските експерименти и хемиски реакции и нивната примена во филмската индустрија.

Квалитет на насловот: Крајно вознемирувачки и сензационален, вокабуларот кој е употребен во насловот не доликува за медиум.

Фотографија: Фотографијата и е, всушност, највознемирувачка. Гледачот не може да претпостави што следува после мигот кога наставничката со големиот нож се приближува кон вените на ученикот. Со оглед на тоа што се работи за портал, уредничкиот тим можел да преземе низа мерки да ги заштити и да ги предупреди посетителите од вознемирувачки содржини.

Заклучок: Дали во вака поставена и пренесена содржина можеме да откриеме јавен интерес?. Секако не. А, всушност,  содржината можела да биде многу интересна доколку медиумот се потрудил предходно да објасни и да ја предупреди публиката за што се работи. Уредникот можел да постави и предупредување да ја заштити малолетната публика и децата.

Без оглед што се работи за експеримент и филмски трик во кој „Професорката касапеше ученици, а нивните соученици уживаа во глетката“, прилогот на некој начин поттикнува насилничко однесување. Покрај тоа, вокабуларот во кој е употребен збор „Професорката касапеше ученици“…  го нарушува членот  15 на Кодексот на новинарите на македонија.

Член 15

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспоиво со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести