verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ВО ТЕТОВСКО: Американец го истражува срушениот американски бомбардер

on 20 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-bombarder-crop-resize

Репортажата за потрагата по остатоците од соборениот американски бомбардер од Втората Светска војна во тетовскиот крај и приказната поврзана со тој настан и луѓето кои учествувале во него, претставува вистинско освежување во инаку монотониот македонски медиумски простор. Освен што се работи за жанр на репортажа, кој мошне ретко осамнува на страниците на пишаните гласила, темата е одлично обработена. Репортажата е преполна со интересни податоци, изјави на упатени, ексклузивни фотографии, убаво заокружена и лесна за читање. Видлив е напорот на авторот, даден само со иницијали, темелно да ја истражи целата сторија, па конечниот производ јасно се издвојува од морето на безлични, жанровски нејасни и неоригинални новинарски производи, со кои сѐ почесто се полнат страниците на електронските и печатени гласила.

Рецензија:ВО ТЕТОВСКО: Американец го истражува срушениот американски бомбардерЛинк до оригиналниот напис: ВО ТЕТОВСКО: Американец го истражува срушениот американски бомбардер

Датум и време на објавување:  17.01.2014, 9:19

Датум на рецензирање: 18.01.2014

Рецензент: Југослава Дуковска

Вистинитост: Фактите дадени во репортажата се солидно презентирани, поткрепени со изјави на доброупатени извори, сведоштва, автентични фотографии од американските пилоти, од истражувањата на местото на настанот, пронајдените предмети од авионот.

Извори на информации: Наводите се поткрепени со исцрпни изјави и сведоштва на повеќе релевантни извори.

Пристрасност: Убаво балансиран и заокружен производ.

Оригиналност/Плагијат: Порталот ја продолжува праксата на потпишани авторски текстови, иако само со иницијали.

Квалитет на насловот: Насловот не е атрактивен, туку само коректно информира за темата на репортажата.

Фотографија: Илустрациите старите фотографии, како и снимките од истражувањата на локацијата на паднатиот американски бомбардер, се еден од најсилните аргументи на оваа репортажа. Тие со сигурност ќе го задржат вниманието на читателот.

Заклучок: Иако важи за еден од најатрактивните новинарски жанрови, автентичната репортажа (feature story) речиси и да не постои во македонските медиуми или, пак, темите се обработени половично и неквалитетно. И додека во светот овој жанр е најчитан, најгледан и најнаградуван, кај нас како да замира. Успешно со зборови и слика да го пренесеш читателот на местото на настанот, да ја доловиш случката, да ги оживееш чувствата, тоа е умешноста да се изработи добра репортажа. Токму затоа, ваквите добро сработени репортажи вреди да бидат нотирани и да послужат како пример и инспирација, за да потсетуваат како треба да изгледа еден новинарски производ кога се почитуваат новинарските стандарди.  Се работи и за атрактивно и многу читано четиво, па редакциите и покрај финансиските ограничувања, треба да издвојуваат луѓе и ресурси тие почесто да се реализираат.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести