verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Пендаровски проговори за резилот на дебатата на МТВ: Не ми беше ќеф

on 14 - 04 - 2014       

stev-0987-00998809809-crop-resize

Кодексот на новинарите во членот 14 утврдува дека кога се известува од изборите, тоа треба да се прави непристрасно. Ова не важи само на денот на изборите, туку во целиот предизборен период и се однесува на  сите настани кои директно или индиректно би можеле да повлијаат на изборниот резултат. Медиумите имаат уредувачка политика што ги дефинира нивните стојалишта кон општествените процеси, но за сметка на тие стојалишта читателот не смее да остане неинформиран или половично информиран за активностите на сите учесници во кампањата.

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Во текстот што го рецензираме не е испочитуван овој постулат и изјавата не е пренесена целосно, туку половично.

stevЛинк до оригиналниот напис:  Пендаровски проговори за резилот на дебатата на МТВ: Не ми беше ќеф

Датум и време на објавување: 07.04.2014

Датум на рецензирање: 08.04.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Во овој медиумски производ се создава впечаток дека едниот од кандидатите „одговорил“ на нешто. Тоа не соодветствува на вистината. Читателите  и гледачите треба самите да донесат суд кој е нивниот победник во дебатата и тоа е основната причина поради која се организираат овие предизборни претставувања. Исто така, се тврди дека Пендаровски инсистирал на телевизиски дуел со Иванов, во контекст на нешто негативно.

За потсетување, токму Пендаровски беше тој кој инсистирше на ТВ дуел со претседателот Иванов.

Констатацијата која се додава во текстот, дека едниот од кандидатите го навредил другиот, не е поткрепена со изјава, односно од текстот не може да се увиди во што е навредата.

За сметка на тоа, коментарите се евидентни:

Ова не е прв пат Пендаровски да ги навредува своите кандидати.

Изворите на информации се користат на начин што нивни постари изјави се контекстуализираат за да се вклопат на веќе создадената теза дека Пендаровски доживеал резил. Нивните изјави не се обезбедени за потребите на овој текст, туку се постари и искористени во него за да ја дополнат тезата. За сметка на тоа, воопшто не е контактиран за коментар Пендаровски.

Анкетите кои по дебатата ги спроведе интитутот Павел Шатев покажаа дека Пендаровски бил практично збришан од актуелниот претседател со резултат 5:1

Се чувствува пристрасност, односно наклонетост кон едниот од кандидатите зашто се користат изјави и извори кои се еднострани. Се зазема позитивен став кон едниот од кандидатите:

Иванов пак, рече дека нема намера никого да навредува бидјеќи како што рече тоа не е негов стил. Тој на Пендаровски и на сите функционери на опозицијата им порача да зборуваат што сакаат и колку сакаат, а тој како што рече, ќе продолжи да работи.

Понатаму, евидентно е дека се прави обид да се поврзе еден од претседателските кандидати со екс-лидер на партијата, а тоа се прави без никакви аргументи и по паушална проценка за која нема никаква поткрепа.

Тој денеска на митингот во Кисела Вода во стилот на Бранко Црвенкковски рече дека не бил остар, бидејќи „не му било ќеф“ да дебатира со Иванов, бидјеќи тој не му бил достоен противник.

Сѐ на сѐ, текстот остава впечаток на отворено навивање и пристрасност. Се дава вредносен суд дека едниот од кандидатите на дебатата доживеал „резил“, додека другиот „победил“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести