verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Општина Центар: Усвоени ДУП-oвите за локалитетите Тасино Чешмиче и Капиштец-Водно

on 23 - 07 - 2014       

24-09876-098-crop-resize

Пример за манипулација при информирање. Пренесена е вест која е непрецизна, или поточно, во основа не е докрај вистинита, пласирана е без да се извршат дополнителни проверки во законската регулатива, а, што е најстрашно, на јавноста ѝ се сервира како да станува збор за информација издадена и потврдена од засегната институција.

2Линк до оригиналниот напис: Општина Центар: Усвоени ДУП-oвите за локалитетите Тасино Чешмиче и Капиштец-Водно

Датум и време на објавување: 18.07.2014, 19:54

Датум на рецензирање: 21.07.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

НОВИНАРСТВО „БРЗО НА ЧКРАПАЛО“

Избрзаност и новинарско “излетување“ го одликуваат овој текст. Но, тоа во никој случај не ја намалува неговата неодговорност кон јавноста, која поради него, е изманипулирана и дезинформирана. Значи, да расчистиме проблематичните ДУП-ови за Центар не се усвоени како што се тврди во овој текст. Зошто? Затоа што за такво нешто, ако се чита законот за Законот за локална самоуправа, потребно е мнозинство од вкупниот број членови на советот, а 11 од 23 членови во општинскиот совет не се мнозинство. Понатаму, не може да се употребува формулација во насловната конструкција „Општина Центар: Усвоени ДУП-oвите за локалитетите Тасино Чешмиче и Капиштец-Водно“, бидејќи општина Центар наредниот ден рече нешто сосема друго а тоа е дека ДУП-овите, согласно законот – не се донесени. И каде е сега тука вистинитоста? Ја нема!

„Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија;

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“ – вели Кодексот на новинарите на Македонија.

Ете, затоа велиме дека имаме работа со пример за избрзано и непроверено новинарство.

 

ИМА ЛИ „АВТОР ВО ТЕКСТОТ“?

Не е јасно наведено кои извори на информации се користат во написот. Тој е така формулиран што се добива впечаток дека некој присуствувал и непосредно ја следел споменатата седница на општинскиот совет, но ако било така тогаш најверојатно не би се реализирал ваков новинарски производ. Дополнителен товар кој не ја потврдува веројатноста за директно репортерско присуство на местото на настанот е и фактот дека не е наведен авторот. Во основа, најверојатно станува збор за преземена вест, која е пласирана непроверена, а притоа не е ниту наведено од каде е „позајмена“. Имајќи ги предвид овие околности излишно е да се зборува за содржајност, бидејќи за таа да биде задоволена неопходен е факторот вистинитост кој во овој случај, читајќи ја предвидената законска рамка, отсуствува.

Никако не може и не смее да се прости насловната конструкција која е се само не коректна. Ако насловот го почнувате со името на некоја институција, во овој случај општина, па ставате две точки, тогаш произлегува дека се цитира нечиј став. Но, во овој пример тоа не е така, бидејќи општината дури наредниот ден ја изнесува својата позиција која е дијаметрално спротивна од тоа што се тврди во оваа насловна конструкција. Значи, насловот не само што е промашен, туку е и невистинит и тенденциозен. Затоа може да се заклучи дека написот не ги следи и не се придржува до професионалните стандарди.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

не е коректно пренесена

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

самоволно толкување на информациите

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести