verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Нови контрадикторни изјави на Заев околу случајот со поткупот од 200 000 евра

on 19 - 03 - 2015       

zaev-protkup-0987-098765-crop-resize

 

Овој текст е невистинит и уште еден од низата пропагандни содржини кои имат цел да го деградираат претседателот на СДСМ. Притоа, една невистина е земена како мотив и појдовен момент за масакрирање на политичар. За сите тези кои текстот наводно ги обработува, Заев има давано и изјави, но ниту една не е пренесена во текстот. Така излегува дека ова е напис со кој те тепаат, ама не ти даваат да се браниш. Тоа е надвор од новинарските правила и стандарди.

zaev protkupЛинкуван наслов на анализираниот напис: Нови контрадикторни изјави на Заев околу случајот со поткупот од 200 000 евра

Датум и време на објавување: 16.03.2015, 18:52

Датум на рецензирање: 17.03.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕВИСТИНИТИ ПАСУСИ

Во текстот се тврди:

„Прво рече дека уште минатиот Понеделник до обвинителството поднел пријава за случајот со струмичкиот бизнисмен, за преку неговиот адвокат тоа навистина да се случи три дена подоцна, а на вчерашната прес-конференција после се да одговори дека не поднел пријава за предметот туку го архивирал. Во СДСМ молк околу контрадикторните изјави за тоа која е вистината за постапувањето на партискиот лидер за случајот со бизнисменот Сачавалиев.“

Вистината е, пак, дека Заев уште на почетокот рече дека предметот го архивирал. Никаде не кажа дека предметот го пријавил во Јавното обвинителство и дека поднел кривична пријава како што се претендира да се спинува во овој прилог.

Имено, еве го извадокот од говорот на Заев во „Универзална сала“ каде што тој првпат одговори на поднесената кривична пријава:

„Намерата беше да го прават тоа истото што со брат Љубе го направија. Да местат бизнисмен како дава пари за кампања. Една година мака мачат луѓето. Како да ги наместат парите, една година цела. Вчера се наврши една година. Уште минатата седмица, на крајот на инсистирање на Груевски и Мијалков лично беше замолен тој бизнисмен да ги интензивира работите, оти само тоа е спасот. Парите некако да ги даде. Вчера со секретарот на општина Струмица, со шефот на кабинет на градоначалникот на општина Струмица, го направивме Записникот го пријавивме и архивиравме предметот.“

Секако, овој дел го нема во прилогот.

 

СПИНУВАЊЕ

Втората невистина во прилогот е во следниов пасус:

„И зошто за како што вели Заев обидот на Сачавалиев да го намести чекал една и пол година за да го извести обвинителството, знаејќи дека настанот е од Декември 2013 година. И која е причината да го пријави бизнисменот дури откако МВР ја комплетираше пријавата против него? Истото обвинителство во кое преку адвокатот во Четвртокот ја поднесе пријавата, веќе вчера за Заев не беше институцијата која би го одбранила.“

И овој пасус е невистинит. Пред овој прилог да ја наметне оваа шпекулација како дилема, Заев на последната прес-конференција одржана на на 15 март 2015 година на новинарско прашање одговори:

„А на кој да пријавам? На фамилијата? На Мијалков да пријавам да ме заштити? Каде да се бранам? Каде да го почнам процесот на Зврлески на Јован Илиевски? Апсолутно, пријавата ја направив неколку дена пред тоа да го соопштам во јавноста. Записниците се архивирани во општина Струмица неколку дена пред тоа да се случи. А дента му се јавив на бизнисменот заради тоа што можеше на влезот на Универзална сала да се обиде до крај да оди, да тутне пари, со полицајци, наместено.“

Во текстот и понатаму се спинуваат изјави на Заев, притоа не се цитира ниту една негова реченица. Иако написот сака да алудира на наводна превртливост на однесувањето на претседатателот на СДСМ, ја нема изјавата каде тој вели дека поднесува кривични пријави и се појавува во Јавното обвинителство само за да остави трага.

Како почнува, така и завршува овој прилог. Напаѓачки. Иако во секој пасус има по еден напад, нема ниту една изјава од Заев каде тој ги демантира овие тези. Тоа зборува за непрофесионалноста во написот и во неговата намера. А, тоа е да се напаѓа без притоа да се мисли на новинарството. Затоа таков е и прилогот. Непрофесионален и невистинит.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести