verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Граѓаните му порачаа на Заев дека стојат зад реформите на власта

on 19 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Граѓаните-му-порачаа-на-Заев-дека-стоја_-http___sitel.com_.mk_gragjanite-mu-po-crop-resize

 

Ова е еден од серијата агитпроповски текстови (објавени на истиот медиум) посветени на настапот на премиерот на партискиот собир во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ (15 март 2015 година). Прилогот, без  никаква критичка дистанца, го величи лидерот на владејачката партија, при што наликува како материјал од некое партиско гласило.

Граѓаните му порачаа на Заев дека стоја_ - http___sitel.com.mk_gragjanite-mu-poЛинк до оригиналниот напис: Граѓаните му порачаа на Заев дека стојат зад реформите на власта

Датум и време на објавување: 16.03.2015

Датум на рецензирање:  17.03.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРЕЏВАКУВАЊЕ

Материјалот е објавен еден ден по партиската трибина и во него, всушност,  само се „преџвакани“ некои поенти од говорот на премиерот. Впрочем, за настанот во салата „Борис Трајковски“ на 15 март, медиумот веќе опширно известуваше (во повеќе прилози), па во написот што го рецензираме не кажува ништо ново.

Тој остава впечаток како да е правен за на гледачите уште еднаш  да  ја им испрати пораката дека „премиерот ужива огромна поддршка, и тоа не само од партиското членство, туку воопшто од граѓаните“. Само што, во овој прилог, наместо првичната еуфорична проценадека на трибината се собрале над 50.000 граѓани, сепак, се употребува малку повнимателна формулација „десетици илјади граѓани“, односно „над 15.000 граѓани во спортскиот центар и двојно повеќе пред салата“.

 

СÉ  НАЈДОБРО ЗА ВЛАСТА

Написот нагласено се труди да креира атмосфера за исправноста на политиките на владејачката пратија (премиерот), а во исто време со сите сили го напаѓа лидерот на опозицијата.

Фактички, преку генерализирање и добро пресметан политички спин, со насловот и со првата реченица во јавноста се испраќа манипулативната порака:

„Граѓаните му порачаа на Заев дека стојат зад реформите на власта“

„Народот го сруши сценариото на Зоран Заев“

Иако е сосема јасно дека масовното присуство на партиските членови и симпатизери  на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според дел од медиумите, на собирот пристигнале со автобуси од целата држава, никако не може да се протолкува како општа народна поддршка и верба во проектите на власта!

Во овој исклучително тенденциозен прилог скроен во стилот „сè најдобро за власта“, се турка и тезата на владејачката партија дека опозицијата се впуштила во заговорничко сценарио против сопствената држава:

„Десетици илјади граѓани вчера кажаа гласно не на обидот на опозицијата со помош на странските служби да ја дестабилизира Македонија.“

Па, иако се работи за целосно непоткрепено тврдење, медиумот го издигнува на ниво на неприкосновена вистина. Несомнено, воден од идеја да ги дискредитира опозицијата и нејзиниот лидер, притоа свесно ставајќи се во функција на политичка пресметка. Тоа е неприфатливо и недозволиво за стандардите на добрата новинарска практика, која подразбира новинарот да обезбеди дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести