verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Демони, духови, ѓаволот и „Евровизија“

on 31 - 05 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-100-Не-е-до-песната-во-прашање-е-нешто-друго-crop-resize

 

[Рецензија: Не е до песната, во прашање е нешто друго: Еве зошто Шведска победи на Евросонг]

 

Текстот нема никаква друга цел, освен со една горка пилула да ни ја расипе посластицата и убавото доживување од годинашната „Евровизија“ и победничката песма на Манса Зермерлев „Херои“. Непотпишаниот автор параноично, со конструкции и со измислици, во целата манифестација гледа некаков светски заговор на „декадентниот Запад“ против источното христијанство. И тоа, „срам да им е“, баш на Духовден (според Католичкиот календар). Се одлучува за тривијалност и за сензационализам како средство за манипулација со читателите.

FireShot Screen Capture #100 - 'Не е до песната, во прашање е нешто друго_ Еве зошто Шведска победи на Евросонг!' - www_kurir_mk_magazЛинк до оригиналниот напис: Нее до песната, во прашање е нешто друго: Еве зошто Шведска победи на Евросонг (линкот не работи, текстот е повлечен)

Датум и време на објавување: 27.05.2015, 11:48

Датум на рецензирање: 28.05.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

„ЕВРОВИЗИЈА“ Е „АПОКАЛИПСА“

„Евровизија“ е претставена како апокалиптична најава на декаденција која ќе го освои светот, со тоа што на свестката сцена се појавува злото, се велича хомосексуализам, демони, вештерки. Според написот, на „Евровизија“ е сè наместено по сценарио на неколку земји да се уништат христијанство и неговите следбеници, пред сè, Русија, кои ги бранат вистинските човекови вредности. Во „анализата“ на годинешниов европски музички натпревар, медиумот го толкува и називот „Евровизија“, како сложеница од „Евро“ и од „визија“, односно „визија на Европа во која треба да царува злото“.

„Исклучително заразни стихови кои повикуваат на танц со демоните се прелејаа по христијанска Европа, ноќ пред Духови и тоа со цел, човечкиот ум да биде извалкан, да не мисли на Божјото, туку на она демонското! Зошто ако човекот и неговите мисли не доаѓаат од Бога, доаѓаат од ѓаволот. Борбата овде е сосема јасна и што е најстрашно – јавно изречена! Секако, преку победничката песна „Херои“!“

 

РУСКИ РУЛЕТ

Наспроти она што сите го видовме, дека Виена се потруди слоганот „Ги градиме мостовите“ навистина да заживее со дефилето на учесниците и првпат во шестдецениската историја на евровизиската манифетација да ја пренесува и Кина, тргнувајќи од тоа дека музиката е градител на мостови меѓу цивилизациите, медимот „открива измама“. Без повикување на факти или каков било извор, се тврди дека „Евровизија“ е „манифестација во која со години сè е наместено, музичка лакрдија во која победата ја носат тие што во тој момент му одговараат на светот“… Затоа, според медиумот, е и наместено минатогодишната победничка песна да биде на Кончита, трансексуалец, и да ѝ се спротивстави на Русија и на христијаните кои се против геј-инвазијата.

„Така, минатата година беше исклучително важно во екот на борбата на Русија и христијанските земји против геј инвазијата, да победи токму Кончита, трансексуалец кој ни помалку ни повеќе, пееше за Феникс-от и неговото издигање од пепелта, со што на светот му се испрати една многу важна порака – Дојде време злото да се разоткрие, да се подигне од пепелта и да се велича и слави! За жал, само малкумина ја видоа вистината која тогаш јавно им се пласираше преку евровизиската победничка песна на масите!“

 

РЕСАВСКА ШКОЛА

Текстот отвора дилема. Нели е ова можеби порака од Кремљ, кој „на христијаните им ги отвора очите пред злото кое доаѓа од Запад“? Со право можеме да се посомневанме во ова бидејќи непотпишаниот текст, заедно со фотографиите е, всушност, преземен од порталот „Вебтрибјун“, Песма није добра, многу близок на Кремљ, чии содржини редовно се пренесувани од проруски ориентираните медиуми во Србија.

Според Кодексот на новинарите на Македонија, тоа требало да се каже и да се даде линкот до оригиналниот текст.

Член 12 на Кодескот гласи:

Плагијаторство е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.

Тоа е нагласено и во Услови на користење на содржините од порталот.

Ова е пример на непопчитување на етичките принципи на новинарството, кои доведоа до падот на стандардот на медиумската етика, фокусирајќи се на тривијални и на сензационалистички содржини, наместо на суштински и на битни настани. Со тоа широко го отвораат патот за манипулирање со читателите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести