verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Каде е веста во овој текст? Каде се изгуби?

on 1 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Заев-објави-нови-прислушувани-телефонски-ра_-http___play.mrt_.com_.mk_play_64217-crop-resize

 

[Рецензија: Заев објави нови прислушувани телефонски разговори кои ги поседува]

 

Материјалот што го рецензираме се однесува на 34. политичка „бомба“ што ја презентираше претседателот на СДСМ на 27 мај, но е премногу скуден. Иако со насловот информира: „Заев објави нови прислушувани телефонски разговори кои ги поседува“, сепак, од самиот извештај гледачите не можат да разберат што објавил опозицискиот лидер. Прилогот изгледа како да е правен во стилот: сакате да знаете, ама не ви кажувам!

Заев објави нови прислушувани телефонски ра_ - http___play.mrt.com.mk_play_64217_Линк до оригиналниот напис: Заев објави нови прислушувани телефонски разговори кои ги поседува

Датум и време на објавување: 27.05.2015, 16:55

Датум на рецензирање: 29.05.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРАЗЕН ПРИЛОГ

Написот се повикува на официјален настан – прес-конференцијата на шефот на опозицијата (27 мај 2015 година) и фактите ги пренесува точно. Неговата маана е што е штур. Тој само површно известува  за настанот и не ги објавува главните информации од прес-конференцијата на Заев.

Имено, во прилогот воопшто не се кажува конкретно какви аудиоснимки обелодени лидерот на СДСМ. Па, со еден таков селективен пристап, на публиката ѝ е ускратена можноста да слушне дека лидерот на СДСМ презентираше разговори за кои тој тврди дека се меѓу премиерот и  тогашниот министер за транспорт и врски, a во кои, Груевски, наводно, зборува дека „на Владата не и оди ниту еден голем проект“ и бара од министерот „да биде повеќе договорно ориентиран кон големите компании, а не само да кажува дека нешто не е по закон“.

Во другиот пакет разговори на кои, исто така, се слушаат гласовите на Груевски и на Јанакиески, премиерот, наводно, „лично се залагал да се урне Драмскиот театар во Скопје, а земјиштето да се продаде“.

Во објавените снимки се најдоа  и новиот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и новиот директор на Бирото за јавна безбедност, Горанче Савевски. И двајцата се споменуваат како соучесници на тогашната министерка Јанкулоска, а по налог на премиерот, во запирањето на истрагата за фирма од Неготино која дистрибуира нафта. Сопственикот на оваа фирма во чиишто цистерни биле пронајдени пет и пол тони црвена нафта, бил ослободен од санкции од повеќе институции, наводно, затоа што бил донатор на ВМРО-ДПМНЕ

Во друг разговор, за кој Заев вели дека е меѓу премиерот и поранешниот директор на ЕЛЕМ, се говори за зделка со чешка компанија, при што се споменуваат суми пари кои треба да бидат испратени на различни адреси.

Наводен разговор, пак, на Груевски со ексминистерката  Јанкулоска, според Заев, сведочи како премиерот бара „да снема оригинално писмо“ од директорот на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба, кој се жалел од сопругата на претседателот Иванов (која работи во Агенцијата како советник). И како што, наводно, ѝ кажува Груевски на Јанкулоска, во Агенцијата бил избегнат скандал откако Иванова барала „да го смени директорот“.

А, без овие важни информации кои, несомено, намерно се премолчени, поточно цензурирани, прилогот изгледа празен. Тој едноставно нема поента.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести