verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Валканите Арапи и лесните Србинки

on 13 - 10 - 2015       

Најдобриот секс во животот го имав со мигрант - crop-resize

 

[Рецензија: „Најдобриот секс во животот го имав со мигрант“ – неверојатна исповед на Србинка]

 

Постојат многу форми преку кои се создава, негува и се одржува анимозитетот кон „инаквиот“ на теренот по кој се движат бегалците, оние кои со месеци минуваат и преку нашата земја на својот пат од Блискиот Исток кон Западна Европа. Тој отпор кон бегалците несомнено постои, иако можеби официјалните изјави на власта во некои земји во регионот се на линија да нè уверуваат во спротивното.
Од Турција и од Грција на истокот на континентот, па до Британија на западот, постојат секако изградени пропагандни клишеа со кои се гради отпорот кон бегалците. Што повеќе, при тоа, се „удира“ на примарните инстинкти, ефектот на таквите пропагандни флоскули е, се чини, поефикасен. Со еден текст, кој го рецензираме, се оди токму во таа насока, без оглед што се работи за преведен текст.

Најдобриот секс во животот го имав со мигрантЛинк до оригиналниот напис: „Најдобриот секс во животот го имав со мигрант“ – неверојатна исповед на Србинка

Датум на објавување: 26.09.2015

Датум на рецензирање: 12.10.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Милица В, 25-годишна девојка од Србија, oтворено и без влакна на јазикот, раскажа дека најдобриот секс во животот го имала со мигрант, кој дошол во нејзината земја со бранот мигранти и дека е многу подобар од Србите со кои до сега имала односи. Милица пред две години се запознала со афроамериканец додека била на студии. Вели дека е една од првите девојки кои спиеле со афроамериканец и не се срами од тоа. Тогаш поради тоа сите ја нарекувале “чикита негра”, а расистите ја избегнувале и неа од друштво.“

Ова е воведот од преведениот текст од белградски „Телеграф“ (медиум кој персонално и организационо има конекции со нашата власт), кој, секако, најпрвин и не е ранг на гласило кое се нарекува себеси неделник и кое би требало да внимава на нивото. Но, не само што не се внимавало, туку на еден перфиден начин се поттикнува расната омраза кон „дојденците“ на најчувствителниот терен на „приматите“: преземањето на „женките“ од луѓе кои се, секако, културно, религиски и расно поинакви од домаќините, што се смета како „крајно недозволиво“ во средината како што е српската, ама богами и нашата. Па, така, конекцијата и смислата на тој навидум наивен превод е лесно најдена, без да се апострофира, наводно сопствениот став и однос по оваа пренесена, можеби и измислена релација (нема никаков доказ дека се случила, што е помалку важно, иако не е небитно како доказ на постоење на подготвени пропагандни кујни).

Но, овој текст има и уште еден контекст кој мора да се истакне. Погледнете го насловот – тој сугерира дека Арапите се валкани, ама дека и Србинките се некаков лесен плен. Оригиналниот наслов во „Телеграф“ настанот, односно „вината“ ја лоцира кај белграѓанките, што е еден вид „криење на трагите“ во велеградот за аферата која, нели, може да е сосема измислена, ако нема нешто „погодно“ за насловна, ама кај нас, односно во неделникот, имаме еден обид за карактеризација на жените, односно девојките од северното соседство. Со поука, секако – сепак, чувајте ги најблиските од понежниот пол! Да не испаднеме како „оние“…

Така, покрај ширење расизам и ксенофобија, имаме и едно вулгарно воопштување на карактеристики на близок етницитет.

Уште еден пример на исклучително ниско ниво на македонското новинарство!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

Се работи за креирана илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

Целиот контекст е навредлив

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, расна дискриминација, полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести