verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Искривување на информации преку премолчување

on 8 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

[Рецензија: На екстерното имало и непознати прашања велат учениците, тестирањето се спроведува втор ден]

 

Станува збор за прилог кој површно ја информира јавноста како тече екстерното тестирање. Во него не се кажува дека во тестовите имало содржински грешки, нелогични, чудни  прашања и неточни одговори, туку само бегло се спомнува дека некои прашања биле непознати и дека се јавиле мали проблеми од техничка природа.

ALFA TV - http___www.alfa.mk_News.aspx_ID=94591#.VXBvVs-qqkpЛинк до оригиналниот напис: На екстерното имало и непознати прашања велат учениците, тестирањето се спроведува втор ден

Датум и време на објавување: 03.06.2015, 20:51

Датум на рецензирање: 05.06.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

СЀ БИЛО „МАЗНО“!

Написот користи прецизни извори на информации и вистинити факти, но е нецеловит. Тој само навидум ги има опфатено двете страни на приказната, а, всушност, е едностран.

Имено, констатацијата дадена во првата реченица во прилогот:

„Екстерното тестирање кое се реализира веќе втор ден за учениците од четврто одделение до трета година средно се одвива без проблеми…“

е извлечена од  изјавата на директорката на една скопска гимназија. И проблемот е во тоа што нејзиниот став се генерализира, при што се користи формулација „велат директори  на училишта кои ги контактираше Алфа“. Ваквиот пристап му дава манипулативен тон на написот, со оглед на тоа што во него нема изјава од друг директор.

Подолу во прилогот, пак,  е прикажана анкета со ученици и некои од нив се жалат дека дел од прашањата не им биле познати. Па, иако оваа поента е извадена во насловот кој, сепак, навестува дека имало некакви проблеми со тестирањето (што е коректно), во авторскиот дел од написот, тоа се маргинализира. А, се нагласува дека за повеќето ученици прашањата биле јасни и тие успеале да ги решат за 20 минути. Што оди на линија на креирање перцепција дека сѐ било „мазно“.

 

А ЧУДНИ – ЗБУНУВАЧКИ ПРАШАЊА, НЕМАЛО?

Но, дали е така? Во дел од медиумите можеа да се видат реакции на директори, наставници, родители и на ученици кои забележуваат за нелогичности, технички, печатни и граматички грешки во прашањата од екстерното тeстирање. Истото се коментираше и на социјалните мрежи.

На тестирањето по граѓанско образование за деветто одделение, на пример, имало и прашање поврзано со спорот за името со Грција, кое ги изненадило и наставниците и родителите:

„Спорот за името со Грција со вклучување на трета страна може да се реши со:

а) дипломатија

б) компромис

в) спогодба“

Меѓутоа, во материјалот што го рецензираме воопшто не споменуваат ваквите збунувачки прашања, па гледачите не можат да ја добијат вистинската слика за спроведувањето на оваа годишна проверка на знаењата на основците и на средношколците. Тој пренесува една половична информација, внимателно селектирана за да остави впечаток кај публиката дека екстерниот испит поминал во најдобар ред, со некои занемарливи бенигни проблеми.

Непрофесионален приод кој  се коси со основните насоки од новинарскиот Кодекс (преамбулата и првиот амандман), каде е наведено дека новинарот нема да прикрива суштински податоци и ќе настојува да го спречи искривувањето на вестите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести