verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кило демократија е исто што и кило бекатон-плочки?

on 7 - 06 - 2015       

Firefox_Screenshot_2015-06-04T12-41-42.559Z-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Квази демократија и лажни вредности!]

 

Имаме текст кој да не беше трагичен, ќе беше смешен. Тоа што зачудува во овој материјал е тезата дека нивото на демократските принципи како вредности на секое модерно општество, особено нашето, кое планира да биде дел од европското семејство, е обратнопропорционално со сметот што знае да се создаде во уличниот камп пред Владата. Значи, тврдењето е дека повеќе ѓубре, само по себе повлекува помалку демократија. Ха-ха-ха, пример за тоа како некој во државата ги разбира процесите – кило демократија е исто што и кило бекатон-плочки?

Firefox_Screenshot_2015-06-04T12-41-42.559ZЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Квази демократија и лажни вредности!

Датум и време на објавување: 02.06.2015, 1:40

Датум на рецензирање: 03.06.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ВЕ МОЛАМ КОЛКУ ЧИНИ КИЛОГРАМ ДЕМОКРАТИЈА?!

Ако кажеме дека ова е спин, тогаш тоа би било навреда на уметноста на медиумска манипулација. Конкретниов материјал е намерно улично упростување на одредени демократски вредности, вткаени во највисокиот правен акт на земјава, како што е, на пример, правото на мирен собир на граѓаните.

Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест – член 21 од Уставот на РМ.

Земен е конкретен настан, кој трае повеќе од две седмици, и целосно е испревртена неговата цел – прикажани се неговите „придружни“ елементи кои, според тој што го пишувал написот, се главниот показател за „квази демократија и лажни вредности“ на камперите пред Владата?! Луѓето таму собрани имаат цел и барања, дали некој со нив се согласува или не е неважно, за заминување на актуелната владејачка постава. Значи, нивната агенда е политичка, а не еколошка, како што тука ни се пренесува. Во текстот е злоупотребен цитат од Уставот закачен на шаторите: „Секој човек има право на здрава животна средина“ кој, имајќи ја предвид основата на собирот пред Владата, по логиката на нештата најверојатно упатува на „политичко прочистување“. Но, тоа е искористено за давање сосема поинаква поента на „кампувањето“. Понатаму се користи секој начин за да се оцрни смислата на собирот, презентирајќи само еден негов аспект, се согласувам, неубав, а тоа е она што останува зад стотиците луѓе. Иако и тука се забележува селективност, зашто не се споменува дека демонстрантите-кампери запазуваат основни хигиенски стандарди, како, на пример, монтирани мобилни тоалети, или, пак, дека тие самите, колку што можат, се обидуваат да го соберат сметот. Оттука, следниот коментар претставува докрај неаргументирано и тенденцизно изместување на тезите и во него се гледа намерата за небланасиран пристап.

„Заразата која меѓу толку народ на мал простор лесно може да се претвори во епидемија од пошироки размери. Зарем не е тешко лицемерие да се повикуваш на Уставот, а во истовреме самиот најгрубо да го кршиш?!“

Понатаму, пристрасноста се забележува и во тоа што дадена е слика од само еден од камповите. Што станува со оној спроти Собранието? Се согласувам дека „репортерското око“ треба да ги забележи и убавите и работите што не чинат, ама не само на едната локација. Можело без проблем да се „прошара“ и кај спртивниот табор и оттаму на публиката да ѝ се пренесе атмосферата, секако, како „(не)демократската“ така и „хигиенската“.

Конечно, ова препишано четиво – полоша копија на лош оригинал, кое освен што рековме дека е наменско, селективно, непрофесионално и со силен степен на пристрасност, е и показател за степенот на неразбирање на демократијата и што таа во основа претставува, дека не е вредност која се мери на кантар. Затоа, прикладна е мислата на американскиот новинар и сатиричар од првата половина на 20 век, Х. Л. Менкен, дека:

„Демократијата е уметност на раководење на циркусот од кафезот на мајмунот.“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

и да и не

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести