verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Министерството за здравство соопшти од што починал Англичанецот

on 17 - 10 - 2014       

Http-mkd-newscom_ministerstvoto-zdravstvo-crop-resize

Кога ќе се прочита насловот: „Министерството за здравство соопшти од што починал Англичанецот“ , очекувањата се дека во текстот се расчистува мистеријата околу веста што ја разбранува јавноста, за тоа дека на 9.10.2014 година на Инфективната клиника починал пациент со симптоми слични на ебола.

Но, написот не дава таква информација, туку соопштува дека :

„најрано за 48 часа со сигурност ќе се знае дали тој бил болен од ебола или од некоја хеморагична треска“

Министерството за здравство соопшти од _ - http___mkd-news.com_ministerstvoto-zЛинк до оригиналниот напис: Министерството за здравство соопшти од што починал Англичанецот

Датум и време на објавување: 09.10.2014, 19:55

Датум на рецензирање: 15.10.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

САКАТЕ ДА ЗНАЕТЕ, АМА НЕ КАЖУВАМЕ!

Написот што го рецензираме информира  за вонредната прес-конференција на Министерството за здравство (9.10.2014) и во него се пренесени главните поенти од пресот. Извештајот нема проблеми со вистинитоста и го задоволува минималното ниво на сеопфатност, меѓутоа гледано од професионален аспект тој е неквалитетно направен. Всушност, станува збор за материјал за кој изгледа како да е добиен со „пластично“ спојување на делови од два текста претходно објавени  во други медиуми.

Па така, главата на написот:

„Едно лице од Велика Британија почина во Скопје, со симптоми слични на ебола. Престојувал кај Мавровка во центарот на градот. Уште еден англичанец е хоспитализиран со истите симптоми.  Хотелот кај Мавровка е затворен од специјалните полициски сили и здравстените власти вршат увид на местото. Нема влез и излез од хотелот.

како да е „позајмена“ од друг медиум, каде еден час претходно (18:56) е пласирана вест на истата тема. Потоа, само е налепен текст речиси целосно преземен од трет медиум (објавен во 19:52) и тоа заедно со насловот – кој фактички ги врзува двата дела.

„За 48 часа ќе се знае дали во Македонија има ебола – починатиот Британец во Скопје бил цела недела“

Но,  главниот проблем поради кој текстот заслужува негативна рецензија е манипулативниот наслов.  Имено, иако тој навестува  дека на јавноста  ќе ѝ  ја открие  причината за смртта на Британецот, сепак,  читателите  не може да го прочитаат тоа во содржинскиот дел на написот. Така што, насловот  прозвучува  во стилот: „сакате да знаете, ама за инает не ви кажуваме!“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести