verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Карела – убиецот на ракот, се произведува и во Македонија

on 23 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Karela-rak-098-09876-098098-crop-resize

 

Уште еден од потезите кој придонесува во паѓањето на сите професионални стандарди во трката по гледачи. Овој прилог беше најавуван како сензација. И со квалитетот – технички, пред сѐ, откриваме  дека се одело во брзина на известувањето, отколку на подготовка на теренот. Небаре слетале вонземјани, па сега епохалното сознание за „ракоубиецот“ емитуван во првите вести, ги надминува сите други критериуми. Прилогот треба да се види од надлежните за следење на програмата и по повеќе основи заслужува да ја чуеме нивната реакција.

Karela-rak-098-09876-098098Линк до оригиналниот напис: Карела – убиецот на ракот, се произведува и во Македонија

Датум и време на објавување: 22.01.2014, 16:35

Датум на рецензирање: 23/01.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Личи на краставица, но не е. Горчлива диња или Карела, како што ја знаат народите од далечниот Исток, е еден од најефикасните убијци на ракот, болест за која медицината се уште нема стопостотен лек.“

Вака почнува описот на тој прехрамбен артикл, ако е, како прво, воопшто дозволив за исхрана за човекот или животните, за што не добивме доказ. И за такво нешто е, нели, потребна процедура?! Понатаму, во најбенигна варијанта, ова е прилог со скриена економска пропаганда во себе – се рекламира еден производ, ама тоа не се крсти со вистинско име, се претвора во вест, па резервата кај корисникот однапред се елиминира. Затоа, таков вид на пропаганда и не се дозволува!

Но, во ваквите прилози нема ништо бенигно. Ваквата „бабарадоизација“ на програмата, беше предмет на негативни реакции (меѓу кои и од страна на Сервисот за проверка на факти, овде), кои потоа стивнаа – емисијата за волшебни лекови кои лекуваат сѐ и сешто експресно беше симната од програма. Сега, одново имаме на голема врата отворање на истата програма за наводен лек за кој нема ниту еден валиден доказ зад себе, ама затоа го имаме „чесниот збор“ на оној кој ја произведува карелата.

За оваа појава (не се работи само за оваа вест, иако таа е крајно опасна и манипулативна) мора да реагираат и здруженијата на лекарите и на фармацевтите и тоа експресно и да бараат санкции. И тоа им е, белки, во описот на нивната работа?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

еден производ се прогласува за револуционерен лек без ниту еден доказ

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести