verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Плима од тези, осека од нивна издржаност

on 31 - 07 - 2015       

dddd-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Како што бараше специјален обвинител Заев сега сака да ја контролира и Агенцијата за медиуми?!]

 

Многу прашања, а малку одговори и тоа често реторички. Ваквото структуирање текст не навестува дека тој во целост кореспондира со основите на новинарско формулирање напис, во кој основата е давање одговори на клучните „кој, што, каде, кога, зошто и како“. Ова е повеќе сеење ветер и магла, отколку легитимно информирање на јавноста.

ddddЛинк до оригиналниот напис: Како што бараше специјален обвинител Заев сега сака да ја контролира и Агенцијата за медиуми?!

Датум и време на објавување: 26.07.2015, 17:28

Датум на рецензирање: 30.07.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

КОГА ПРАШАЊАТА ЌЕ ГИ ЗАМЕНАТ ОДГОВОРИТЕ

Не е најсоодветно насловот да биде во прашална форма, ама понекогаш се прогледува низ прсти, но кога и првите две реченици, исто така, завршуваат со прашалник, тогаш веќе се пали „црвено светло“. Публиката сака одговори, а не начнување дилеми на кои понатаму во текстот се налепуваат разни опции и сценарија, за жал, неаргументирани. „Подготвува ли СДСМ партиски кадар за прв човек на Агенцијата за медиуми….“ Па, јавете се и прашајте! Едно од првите правила на новинарството е да се слушне ставот на втората страна. „Оди ли ваквата изјава на лидерот на СДСМ контра препораките на ЕУ…“  Пак, јавете се во Делегацијата на ЕУ во Скопје или во седиштето на ЕУ во Брисел и дознајте! Ама, диригираното новинарство, ако тоа може воопшто и да се нарече новинарство, не дозволува премногу слобода во употребата на нормалните занатски алатки: телефон, друга страна, истражување, издржана фактографија, извори на информации. А, да, околу изворите на информации, нив ги нема. „Во јавноста, експертска јавност, аналитичари…“ – многу не верувам дека овие и вака наведени лица навистина се консултирани при креирањето на материјалот. Многу наликува како еден извор или, еве да го наречеме координатор, да ги влече конците од едно место, а на неговите потези само се веднат уредничките глави во одредени медиуми. Значи, ако се имало сознанија за задни намери на лидерот на СДСМ, зошто тогаш тие и не биле до крај разоткриени преку саглам текст, со низа аргументи, соговорници, па потоа тоа поткрепено со прецизни примери за медиумската атмосфера во времето на социјалдемократите дополнето со, на пример, извештаи на ЕК или релевантни меѓународни организации за степенот на медиумска слобода тогаш, итн…

 

ПОВТОРНО УПОТРЕБА НА „ФАМОЗНИТЕ“ АНАЛИТИЧАРИ

Од друга страна, пак, се фали сегашниот состав на Агенцијата за медиуми како да е безмалку беспрекорен и дека функционира одлично, што, според една опсежна анализа, баш и не е така. Но, загребувањето под површината на производот, всушност, ја дава целата слика за причините кои стојат зад него, а тие се политичко-партиски, а не новинарски. Се прави поврзување меѓу барањата на опозицијата за независен јавен обвинител, нешто што е предвидено со Договорот од Пржино и инсистирањето за конечно ослободување на медиумската сфера од силното влијание на власта, исто така, нотирано во бројни извештаи. Тезата е дека на тој начин првиот човек на СДСМ ем сака да се спаси од гонење за „Пуч“, ем да си обезбеди контрола врз медиумите преку првиот човек на Агенцијата за медиуми?! Мислам дека, врз основа на отсуството на вистинска анализа на факти и на информации, ова е намерно зготвена и силно запржена турлитава, во која како мирудии се измешани сите можни „политички“ зачини од обвинител, до агенција за медиуми, па сè до министер за внатрешни работи. Можеби во кулинарството таквото миксање состојки дава резултат, ама во новинарството – сигурно не. Искрено, сметам дека читателите се толку „бомбардирани“ од плимата тези и од осеката на нивна издржаност што не знаат каде почнале со текстот, а каде конечно завршиле. Но, такви се и другите „координирани“ написи за оваа иста тема. Заеднички именител им е и пристрасноста, која несомнено натежнува на страната на власта. Интересно, во конкретниот случај коментаторскиот пристап е замаскиран преку употребата на фамозните „аналитичари“:

„Аналитичарите сметаат дека со барањето за јавен обвинител Заев бара човек кој ќе го ослободи од сите обвиненија за Пуч, а со второто за министер за внатрешни работи да направи хаос во изборниот процес знаејќи дека ги губи изборите.“

Нема што, во отсуство на аргументи се користи „стаклена кугла“, која помага да се види што ќе се случи за девет месеци отсега. Сепак, сметам дека „гатањето“ треба да им се остави на гатачите-аналитичари, а новинарството на новинарите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

„координиран“ текст

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести