verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непроверените информации не носат доверба во медиумите

on 31 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

Kurir-Shqiperia-me-plazhe-nudo-familjaret-largohen-550x363

 

Медиумите избираат да си „играат“ со сензационални и необични вести за да го привлечат вниманието на читателите и со тоа да имаат повеќе публика. Овој напис грубо ги крши етичките норми за објавување информации и тоа од неколку причини.

Kurir - Shqiperia me plazhe nudo, familjaret largohenЛинк до оригиналниот наслов: Албанија со нудистички плажи, семејствата заминуваат

Датум и време на објавување: 22.07.2015, 16:45

Датум на рецензија: 26.07.2015

Рецензија: Фатљуме Дервиши

Teкстот што го рецензираме е проследен со една фотографија и претендира да го информира читателот за една појава што е табу за општеството. Новинарот ја смета фотографијата за точна и тоа „здраво за готово“ без да понуди ниту една информација за да потврди дека неговите наводи се точни. Не се нуди ниту еден податок за да се потврди тоа што го сугерира насловот. Прикажувањето неколку нудистички летувачи не е потврда дека нудизмот е појава, ниту дека другите летувачи заминуваат масовно.

Се гледа јасно дека новинарот не бил на терен за да ја види реалната ситуација и дека текстот е подготвен, користејќи непроверени информации од интернет. Отсуството на извори, особено отсуството на изјави од летувачи на плажите во Албанија, ја прави веста едноставно една непоткрепена шпекулација.

Фотографијата што го проследува текстот, а која сигурно е ставена за да го привлече вниманието на читателите, се коси со етичките професионални правила, за кои во Новинарскиот кодекс, пишува:

Новинарот мора да ги има на ум моралните стандарди на публиката на која ѝ се обраќа. Новинарот не треба да користи непримерни, вознемирувачки или порнографски содржини во својата работа.

Згора на сè, на ниту едно место во текстот не се кажува дали фотографијата е направена на некоја од плажите во Албанија или е само илустрација. Веста е објавена во повеќе медиуми, главно портали, и со тоа сите овие медиуми ги прекршиле горенаведените етички и професионални правила.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не апликативно

нема контекстуални линкови

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести