verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Јанкулоска натажена, Ставрески налутен на владината седница по обелоденувањето на аферата со прислушкувањето

on 16 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Јанкулоска-натажена-Ставрески-налутен-на-владината-седница-09876-0987-cropresize

 

Овој текст е типичен пример за тоа како новинарите објавуваат непроверени и неточни информации. Или, пак, новинарот ја измислил веста, злоупотребувајќи го уставно загарантираното право да го заштити својот извор, односно правото да користи анонимни извори во написот. Желбата да се биде атрактивен и да се собере читаност превладеала над фактите и над вистината, што е недозволиво во професионалното новинарство.

Јанкулоска натажена  Ставрески налутен на владината седница по обелоденувањето на аферата со прислушкувањето   ЛибертасЛинкуван наслов на анализираниот напис: Јанкулоска натажена, Ставрески налутен на владината седница по обелоденувањето на аферата со прислушкувањето

Датум и време на објавување: 10.02.2015, 23:43

Датум на рецензирање: 12.02.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Премиерот Груевски вчера во попладневните часови свикал седница со министрите од неговиот кабинет, велат извори на Либертас од владата.“

Настанот опишан во овој текст се одвива во попладневните часови од понеделникот (9 февруари 2015 година), денот кога опозицискиот лидер, Зоран Заев, на прес-конференција ги објави „бомбите“ со прислушувањето. Меѓу презентираните прислушувани разговори беше и разговорот меѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

„Нашиот извор тврди дека Ставрески молчел и бил видно нерасположен а Јанкулоска имала натажена фаца.“

Иако авторот на текстот користи анонимни извори, не може да се каже дека веста не е вистинита. Но, сепак, информацијата дека министерот Зоран Ставрески бил присутен на седницата и бил видно нерасположен е невистинита. Тоа може да се заклучи од вест објавена на истиот портал, истиот ден, неколку часа порано. Имено, порталот, во 18:55 часот објавил вест дека Ставрески претходниот ден, односно во понеделникот,  (9 февруари 2015 година), бил во Лондон, каде остварил средби со претставници на бизнис-заедницата. Веста може да се погледне на следниот линк.

Ако порталот прво објавил вест дека министерот бил во Лондон, а неколку часа подоцна објави вест дека министерот бил на владина седница, се мисли на истиот ден, логички е да се наметне прашањето, дали Ставрески успеал да се телепортира? Јасно е дека физички е невозможно некој да биде присутен во исто време и во ист ден на две места, во случајов, Скопје и Лондон.

Оттаму веста за присуството на Ставрески на владина седница и за неговото расположение паѓа во вода. Според тоа, читателот лесно може да заклучи и дека владина седница воопшто, можеби, не се одржала и дека целиот текст или е плод на бујната имагинација на авторот или на неточни информации од анонимни извори кои авторот не ги проверил пред да ги објави.

Кодексот на новинари пропишува дека новинарот секогаш ќе објавува точни, прецизни и проверени информации. Факт е дека овој текст е атрактивен, меѓутоа дел од информациите пренесени во него се неточни.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести