verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фото излог на срамот – „вест“ со фотографија стара 10 години

on 8 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

verva1-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: Излог на срамот – Верва должи 480 денари (фото)]

 

Ова е текст кој покрај тоа што е невистинит, е и од настан кој се случил пред 10 години. Покрај тоа, во него ги нема основните елементи на новинарска информација. Нема ниту каде, ниту, кој, како, зошто… Ставена е само една фотографија со која треба да се изглуми фотовест, која на крајот излегла погрешна, неточна и срамна информација.

verva1Линк до оригиналниот напис: Излог на срамот – Верва должи 480 денари (фото)

Датум и време на објавување: 02.04.2015, 14:17

Датум на рецензирање: 06.04.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Оваа фотографија повеќе години се појавува во медиумскиот простор. И секојпат по некој се уловува на неа. Така е и со овој напис што го рецензираме денеска. Фотографијата, која ја начекале, била доволен мотив да се направи вест. Но, тоа не е новинарство. Може да биде сè, ама никако и новинарски производ. Кога на новинарот до рака ќе му дојде некоја фотографија, таа мора да се провери. Да се знае точно од каде е, како е настаната, кој ја фотографирал и со каква цел. Тоа тука не е сторено. Единствена олеснителна околност е што веста е објавена во рубриката „Живот“, иако тоа не е оправдување.

Инаку, истата вест „Оннет“ ја има објавено на 29 декември 2014 година без објаснување, туку како класична фотовест.

Веста по објавувањето веднаш беше демантирана. Тоа, пак, не беше објавено од медиумот. Во демантот објавен на „Слободен простор“ се вели:

„Станува збор за настан од пред 10 години, а Верва кој во овај случајот станува збор за маж, уредно си го има платено долгот. Сопственикот на локалот кој е затворен од пред неколку години се оградува од веста која ја пренесе “Република”.

Во недостиг на информации “Република” продолжува со своите пропагандни манипулации, дури и незнае за што точно станува збор” се пожали Илија Панов познат како “Верва”.“

Вакви вести често се појавуваат низ македонските медиуми. Сепак, тоа не се прави така. Без да се знае за што точно се работи, не се пишува вест. Можеби како фотографија може да се споделува непрекинато низ социјалните мрежи, ама не и во медиумите. Медиумите треба да известуваат објективно и вистинито. Овде тоа не е случај, башка што веста е и несодржајна. Затоа оваа информација е целосна утка која не би требало да се повторува во иднина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести