verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Овој материјал немал намера објективно да информира

on 5 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http_vecermk_makedonija_itno-vrak-CROP-RESIZE

 

[Рецензија: Итно враќање на опозицијата во Собрание и прекинување со објавување на телефонските разговори]

 

Во текстот што го рецензираме е подметната една дезинформација, дека европратениците, наводно, побарале „итно враќање на опозицијата во Собрание и прекинување со објавување на телефонските разговори“, а истата поента е извелечена и во спинерскиот  наслов. На ваков начин  јавноста погрешно се информира за ставот на Брисел за првата средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, организирана во зградата на Европарламентот (30 март 2015 година). Како што известија медиумите, на состанокот било договорено ниту една од страните да не дава официјални изјави, а датали не се изнесуваат ниту во соопштението испратено од канцелариите на европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.

http___vecer.mk_makedonija_itno-vrakЛинк до оригиналниот напис: Итно враќање на опозицијата во Собрание и прекинување со објавување на телефонските разговори

Датум и време на објавување: 30.03.2015, 18:34

Датум на рецензирање: 1.04.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

УПРОПАСТЕН ИЗВЕШТАЈ

 Станува збор за напис кој, најверојатно, е целосно преземен од друг медиум (заедно со насловната конструкција), каде е објавен час и половина претходно (16:55). Истиот ден ваков идентичен материјал е пласиран на повеќе веб-страници. Но, и текстот објавен на овој портал не е оригинал. Изворниот напис го објавила државната информативна агенција во 15:54, само со друг наслов – кој е коректен.

Всушност, извештајот за првиот обид за дијалог меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, со посредство на тројцата европратеници, е упропастен со еден пасус:

„Неофицијалните информации од двете средби се дека став на европратениците е итно враќање на македонските социјалдемократи во македонското Собрание и прекинување со објавување на телефонските разговори што се стекнати на нелегален начин, за што ќе следува судскиот случај „Пуч” на кој ќе се докажува нивната автентичност.“

Ова парче е свесно вметнато за да се креира атмосфера дека Брисел  ја смета опозицијата за виновна за политичката криза. Настрана што изгледа смешно тоа што написот нуди „неофицијални информации“ само за пораките на европските дипломати до опозицијата!

Ваквите „неофицијални информации“ СДСМ ги демантираше, а во нивната реакција е наведено дека :

„Гласилото на Никола Груевски, порталот Курир, ја лаже јавноста со информации што немаат никаква допирна точка со случувањата и разговорите во Брисел.“

Исто така, и во извештајот на дописникот од Брисел на овој видеопортал се вели дека според нивните сознанија, „европската тројка не упатила барања до СДСМ да престане со објавување на „бомбите“, ниту, пак, имало решително барање за враќање на опозициската партија во Собранието“.

Меѓутоа, очигледно е дека овој материјал немал намера објективно да информира. Иако почнал добро, сепак, набргу вистината изгубила здив. Па, добиен е наменски „осакатен“ текст со кој на јавноста ѝ се сервира класична манипулација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести