verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Срамота: Анонимен текст поставува психијатриски дијагнози

on 5 - 04 - 2015       

angelov-09876-0909-crop-resize

 

[Рецензија: Ангелов: Со УЧК и командант Валтери ќе одам против власта]

 

Ова е текст кој покажува како една изјава може да се злоупотреби, да се извади од контекст и потоа да ѝ се измени нејзиниот првичен изглед и намена, а притоа спинот да стане и наслов. Во овој напис има класична злоупотреба и девалвација на личноста. Со спинот се сака да се деградира генералот Стојанче Ангелов, па дури мора и да се „правда“ дека не рекол така како што оваа информација сака да прикаже. Ова само покажува до каде дошло новинарстовото кое веќе нема ниту „н“ од зборот и станало пропагандна машинерија која има цел да меле сѐ пред себе.

angelovЛинк до оригиналниот напис: Ангелов: Со УЧК и командант Валтери ке одам против власта

Датум и време на објавување: 30.03.2015, 23:16

Датум на рецензирање: 01.04.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЦЕЛОСНО ИЗВРТУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА

„Претседателот на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов вечерва објави скандалозен статус во кој гордо вели дека тој сака заедно со УЧК да оди против власта на ВМРО-ДПМНЕ.“

Вака почнува текстот, а со тоа и спинот. Точно е дека Ангелов објави статус. И само тој дел од овој пасус е точен. Сѐ друго е шпекулација и груба невистина. Згора на сѐ, се навлегува во негово морално девалвирање, припишувајќи му дека гордо вели…

Инаку, Ангелов на својот фејсбук-профил објави статус, а во делот П.С. стои:

„Ми даде идеја. Веднаш го барам Мухамед Зекири од ТВ Алсат да ми организира уште еден ТВ дуел со командантот од УЧК. Овојпат нема да бидам против него! Овојпат со него ќе бидам против тебе! Против тебе и овој гнасен и криминален Режим! Бидејки и УЧК се почесни, похрабри и поморални од вас!!!“

Од ова никаде не може да се заклучи дека Ангелов гордо вели дека со УЧК ќе оди против власта на ВМРО-ДПМНЕ. Прво, тој вели дека ќе биде против режимот. И второ, дека борбата со УЧК завршила. Точно се гледа каде е репликата на изнесената навреда и клевета од Латас. Тој, правејќи споредба со УЧК, констатира дека единствен непријател во моментов на Македонија е оваа власт.

Сепак, во текстот го нема изворно целиот статус на Ангелов, па затоа многу лесно го спинувале, вадејќи делови од него. Ако сакале да бидат професионалци, ќе морале да го стават и овој дел од фејсбук-статусот:

„П.С. 2 Почитувани мои ФБ пријатели! Погледајте го моето “лигавење“ со командантот од УЧК! Што да правам! Не сум јас крив! Не можат сите да бидат храбри, расни, мажишта Македонски како д-р Павлович Латас!“

Тука се гледа играта на зборови што Ангелов ја прави со Латас и шегата на негова сметка.

Подолу текстот со спинот направен од статусот, го поврзува со претходен спин, исто така, објавен во провладините медиуми за наводно сценарио во кое Ангелов е подготвен заедно со Заев и со помош на радикални исламисти да предизвика обид за дестабилизација на Македонија.

Ај што оваа теза е недокажлива, туку и повеќепати е демантирана. Сепак, медиумот не нашол потребно да објави деманти на оваа теза или барем критички да се осврне на неа. Тоа можело едноставно да се реализира ако ова прашање му се поставело директно на Ангелов (не со спинување фејсбук-статуси) или, пак, на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој, исто така, е спомнат во текстот. Тоа не е сторено. Напротив, нема ниту некој факт за ваквата теза кој би произлегол од МВР или од некоја институција задолжена за безбедноста на Македонија. Затоа што ако оваа теза во текстот е вистинита, тоа е доволно голем аларм да се „разбудат“ сите безбедносни сили и да се подигне борбената готовност на полициските и на воените служби во државата. А, со оглед на фактот што тоа не е сторено, не може ниту за вистинита и релевантна да се земе оваа шпекулација изнесена во написот.

Во делот во кој се тврди дека оваа изјава предизвикала револт кај јавноста на социјалните мрежи, исто така, се заборава една работа. Заборавено е да се напомене дека статусот им се допаднал на повеќе од 5.000 членови на фејсбук-мрежата и дека е споделен повеќе од 100 пати. Исто така, премолчено е дека има повеќе од 100 коментари и тоа речиси сите со поддршка за генералот Ангелов.

И на крајот, како и секој добар „спин“, текстот завршува со омаловажување на Ангелов, измислувајќи му болест. Ова е премногу трагично за новинарството за да може со нормални зборови да се рецензира овој дел. Тоа може само да им служи на честа и на угледот на оние кои без медицински докази и некој медицински документ измислуваат болест. Инаку, само за потсетување – медицината е егзактна наука, таму нема спинување, туку има дијагноза и анамнеза. А, новинарите ниту се доктори, ниту се медицински специјалисти.

Ова е уште еден текст од серијата напади врз генерот Ангелов кои се засилија по почетокот на неговата борба за ослободување на МРТ од овој режим. И покрај тоа што тој повеќепати ги демантира овие тврдења на својот фејсбук- профил, ниту еден ваков статус не е преземен со што би се докажала објективноста и непристрасноста во информирањето. Вака излегува дека ова е крајно несодржаен текст со сомнителна нарачка и без трошка професионалност во него.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

социјална, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести