verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бистрење политика преку тривијален текст

on 6 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Шилегов-бистри-политика-од-Грција-I-zurnal_net-zurnal_net__p1539-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Шилегов бистри политика од Грција]

 

Тривијален текст, замајување на јавноста со споредни работи, воопшто небитни во процесот на барање решение на политичката криза, освен можеби за партиските кујни, чии готвачи како да се вмешале во „затестувањето“ на ова медиумско препечено „лепче“, од кое публиката побргу ќе си ги скрши забите, отколку што реално ќе се информира.

FireShot Screen Capture #101 - 'ФОТО_ Шилегов бистри политика од Грција I zurnal_net' - zurnal_net__p=1539Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Шилегов бистри политика од Грција

Датум и време на објавување: 30.03.2015, 11:34

Датум на рецензирање: 01.04.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

МЕДИУМСКО-ПАРТИСКА ПОЛИТИЧКА МАТЕНИЦА 

Повторно форма, а малку содржина. За некого е поважно каде бил еден домашен политичар, отколку тоа каква политика застапува. Да се оградам, ова не е е нечија одбрана, туку едноставно анализирање на ситуацијата која конечно ќе покаже дека и од споредна активност може да се направи медиумско-партиска политичка матеница. Се „фатиле“ на тоа дека портпаролот на опозициската партија бил во соседна Грција, што, според владејачката номенклатура, барем за пред јавноста, речиси претставува предавство, искористувајќи го тоа за да ја пласираат тезата дека „Шилегов бистри политика од Грција“. Ваквата формулација, сама по себе, не би била проблематична, бидејќи колку и да е на граница на коректноста, сепак, судејќи според приложениот скриншот од фесјбук-статусот на засегнатиот, ја одразува реалноста, доколку не биле и останатите придружни елементи. Престојот во Грција, темелејќи го на објавениот статус, за кој се тврди дека подоцна бил избришан, намерно е злоупотребен и спинуван за да му се даде конотација на „љубителство“ на соседната земја, што за власта безмалку претставува богохулие поради познатиот спор за името. Тој курс се „држи“ и во конкретниов напис што е јасно од пристрасноста и од присутните коментари:

„Откако Шилегов приметил, го избриша самиот пост и направи пу пу неважи. Она што е очигледно, е дека и Петре Шилегов е љубител на Грција и често оди таму, исто како и неговиот партиски шеф Заев за кого се откри дека поседуваат фамилијарна хациенда на грчкото море на Халкидики.

Дали Шилегов бил со Заев во Грција на заеднички викенд, не можевме да добиеме потврда ниту пак тоа беше демантирано. Едно е сигурно, Шилегов и Заев освен СДСМ делат уште една страст, а тоа е Грција.“

Јасно е дека написот зафаќа страна и јавно бележи кој сè оди или одмора во Грција. Значи, тоа на некои, јасно е дека тоа се опозиционери, им се зема за зло, а за другата страна и за екскурзиите, што јавни, што тајни, на нејзините перјаници „долу на југ“, ете, така си се премолчува. Ништо од еднаквото дистанцирање од политичките субјекти. Пример за тоа: зошто не е кажано и дека, на пример, градоначалникот на Скопје, инаку кадар на владејачката партија, исто така, „милува“ да си ја посети Грција. Или, пак, неодамна обелоденетите прислушувани разговори кои покажуваат дека не кој било, туку моќниот братучед и прв човек на тајната полиција, по негово признание, си бил во Грција. Нему тоа, гледам, не му пречело да „бистри“ политика. Каде е овде професионалниот пристап? Го нема!

Конечно, кој каде си го троши своето време, и опозиционер или владин претставник, сметам дека е лична работа. Поентата е дека од тоа, се разбира, ако нема реални манипулации и злоупотреби, не треба да се прави и продава политички сензационализам на штета на само една од страните инволвирани во актуелната криза. Дека имало тенденција за своевидно напакостување, потврдуваат искористените формулации, но и целото склопување на материјалот, кој веднаш е преземен од интернет-портали препознатливи исклучиво по фалењето на владините политики.

Пораката од написот до јавноста, барем колку што јас разбирам, е дека не треба да се оди во Грција и, секако, оттаму не треба да се „бистри политика“. Тоа не треба да го кажува еден текст што се продава како информативен.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

извитоперени

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал, непотпишан

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести