verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Истражување во Полска потврди: Вакцините немале никогаш никаква корист

on 21 - 08 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

 

FireShot Screen Capture #082 - 'Истражувањето во Полска потврди_ Вакцините никогаш-CROP-RESIZE

Целосно отсуство на почитување на професионалните стандарди и етичките правила обично доведува до ваков „новинарски“ продукт, каков што одвреме, навреме, може да се сретнете во излозите на македонските информативни портали.  Вест која не само фигуративно, нема ни почеток ни крај, а која поради влијанието што го имаат медиумите, може да има широки последици по здравјето на луѓето. Ова е еклатантен пример на неодговорно постапување во професијата. Кога останува неказнет (од уредник, сопственик, од еснафско или друго надлежно тело), служи како показен пример за мултипликација на неодговорноста и ја покажува сета леснотија на пишувањето, ширењето информации/дезинформации, на опстојувањето на глупоста во нашето современо новинарството…

FireShot Screen Capture #082 - 'Истражувањето во Полска потврди_ Вакцините никогаш-Линк до оригиналниот напис:Истражување во Полска потврди: Вакцините немале никогаш никаква корист

Датум и време на објавување: 15.08.2014

Датум на рецензирање: 19.08.2014

Рецензент: Теофил Блажевски

Читајаќи го ова писание, кое по форма треба да наликува на вест, читателот речиси не може да најде ниту еден од основните елементи што треба да ги содржи секоја вест. Во текстот има некакви факти, но и кога ќе се прочитаат внимателно, ако се разберат, не може да се утврди дали се веродостојни или не.  Ова е така затоа што не е наведен ниту изворот на фактите, ниту медиумот од каде е преземена оваа вест, така што не може да стане збор за објективност, релевантност, актуелност, контекстуалност и другите потрепштини.

Ова нешто, што наликува на вест, поради големината на текстот може да заличи на содржајно. Но, кога одново внимателно ќе се расчленат фактите изнесени во текстот, ќе се види дека наместо содржајност има повеќе информации кои внесуваат конфузност. Така, на почетокот се обрнува внимание на адитивите тимеросал и живата како најопасни, за потоа да ви го свртат вниманието на алуминиумот, кој, според понудената информација, „ја заменил“ живата, па повторно доаѓаме до истиот ефект – зголемена бројка на деца со аутизам како последица на вакцинацијата.

Крешчендо на овој текст, кој требало да биде вест, е тврдењето дека авторите на студијата ни сугерираат да биде внимателни, зашто 19 деца ненадејно починале (каде и кога?) по вакцинација:

“Во студијата е опишана смртта на 19 деца од СИДС (синдром на ненадејна смрт кај доенчињата) кратко по вакцинација со две шествалентни вакцини. Авторите предложиле иако не е докажано дека вакцините ја предизвикале смртта на децата… – Тоа е сигнал за внимание кој на нас ни треба за да се следи текот на вакцинирањето и неговите компликации.”

Накратко: авторот на текстот што е предмет на оваа рецензија има огромни проблеми со почитување на базичните елементи на вест (кој, каде, кога, па дури има проблеми и со одговор на прашањето –  што), има проблеми со содржајноста и со пристрасноста (едностран е), има проблем со изворите (ниту наведува чии ставови пренесува, ниту, пак, од кого се преземени), има проблем со граматиката, што се гледа и од самиот наслов (зашто вакцините не можат сами по себе да имаат корист), кој пак (насловот), не соодветствува на фактите изнесени во текстот. Покрај тоа, има целосно нелогични конструкции на реченици, што доведува до тоа текстот во некои делови да е нејасен, што пак, веројатно, се должи на тоа што текстот бил преведуван со алатката Гугл транслејт!!!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

само на едно место

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести