verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Децата на Амишите се поздрави оти јадат незагадена храна

on 21 - 08 - 2014       

08202014-Dnevnik-Amisi-crop-resize

Многу интересна е медиумската содржина за рецензија што ни пристигна како предлог од читателка на Сервисот за проверка на фактите од медиумите. Од два аспекта: прво заради тоа што се работи за рециклирање на вест и истражување старо две години и второ, што е уште поинтересно, што на оваа рециклирана содржина ѝ се додава нешто што не постои ниту во објавените вести во 2012 година, ниту, пак, во истражувањето врз основа на кое се генерирани вестите и тогаш и годинава.

Се работи за вест која се повикува на една студија на швајцарски научници кои утврдиле дека децата на Амишите се многу поотпорни на алергиите од нивните врсници кои живеат во вообичаени заедници на европскиот континент.

08202014-Dnevnik-AmisiЛинк до оригиналниот напис: Децата на Амишите се поздрави оти јадат незагадена храна

Датум и време на објавување: 31.07.2014, 11:52

Датум на рецензирање: 20.08.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Нашата читателка е сосема во право кога вели дека се работи за „стара и неточна вест“. Таа дури и ги посочува линковите кои пренесуваат вести од ова истражување. И тоа, прво на реномираната агенција Ројтерс од 4 мај 2012 година (Amish farm kids remarkably immune to allergies: study), а потоа на на Дејли Мејл, објавена на 6 мај 2012 година, кои практично ја преземаат веста на Ројтерс и ја прилагодуваат на своите изданија (Amish children are nearly immune to asthma and allergies).

Значи, дефинитивно се работи за бајата вест.

Е сега, ќе рече некој во ред, истражувањето е од пред две години, но тоа не е пречка некој медиум да објави вест, повикувајќи се на тоа истражување! Така е, велиме ние. Но, кога се прават вести врз основа на научни истражувања, елементарно правило е да се наведе за кое истражување станува збор, кој го спровел тоа истражување и кога е направено. Ништо од тоа нема во веста што ја рецензираме на предлог на нашата читателка.

Во овој случај, веста на медиумот што ја рецензираме, не ја „вади“ ниту тоа што се работи за преземена вест од некој хрватски портал. Преземените грешки стануваат грешки на тој што презема вест. Неопходна е објективизирачка дистанца, која ќе објасни зошто се презема оваа вест, зошто се повикуваме на истражување старо две години…

Нашата читателка, што ни ја предложи оваа вест, наведува уште еден линк со кој се потврдува дека оваа вест е бајата и дека е веќе објавена и во еден македонски медиум во 2013 година (Децата на Амишите имуни на модерните болести).

Со овој линк од 2013 година, нашата читателка ја отвора и втората „мана“ на оваа вест за која пишува:

„Ниту во студијата, ниту во написите на американски и британски издавачи, бaрем оние кои јас на прво пребарување ги најдов, не се прави врска помеѓу аутизам и вакцини кај амишките деца, бидејќи тоа и не е предмет на студијата.“

И ова е далеку посериозен проблем на оваа вест, бидејќи практично се накалемува нешто што го нема ниту во истражувањето на швајцарските научници, ниту во вестите објавени за ова истражување во странските релевантни агенции и медиуми.

Ова накалемување може да се нарече дури и сериозен фалсификат.

Она што може да се претпостави зошто го направиле ова медиумите во Македонија (овој чија вест ја рецензираме и оној од 2013), е дека овие медиуми, како и оние неколку во регионот, кои исто така ги посочува нашата читателка („Деца Амиша имуна на модерне болести и алергије“), е дека тиа нашле само на себе си оправдан повод истражувањето на отпорноста на амишките деца, да го поврзат со темата вакцини која тука беше, и сѐ уште е, актуелна тема.

Нашата читателка која ни посочи на оваа вест, во таа смисла  вели:

„Во услови на зачестени и противречни дискусии за потребата од задолжителна вакцинација, написи во кои своеволно се изведуваат „вистини“ и „заклучоци“ се најблаго речено несоодветни. Исто толку несоодветно е искористување написи на други издавачи.“

Ние не можеме, а да не се согласиме и уште да додаме дека тоа е многу проблематична врска. И од етички, и од научен аспект. И тоа го прави овој тип на новинарство многу неодговорно.

Да претпоставиме дека авторот на оваа вест и видел некоја врска меѓу имунитетот на амишките деца со тоа што тие не примаат вакцини, дури и во таков случај новинарот не е авторитет кој треба да афирмира таква поврзаност.

Во такви случаи неопходно е да се консултираат авторитетни научници и институции за да ги доведат во реален контекст овие претпоставки. Вака, оваа медиумска содржина останува неоправдана и накалемена медиумска конструкција.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести