verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Илјадници лица учествуваа во Маршот на мирот во Москва против војната во Украина

on 25 - 09 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

 

25-09876-098-crop-resize

Прецизноста е исклучително значајна работа, а во новинарството е нераздвојна со категоријата точност. Илјада, неколку илјади, илјадници – несоодветната употреба на која било од овие проценки за бројност носи сериозна опасност за промашување на вистинитоста на информацијата. Но, ако во еден ист материјал се употребат сите овие бројки, тогаш добиваме новинарска турлитава.

2Линк до оригиналниот напис: Илјадници лица учествуваа во Маршот на мирот во Москва против војната во Украина

Датум и време на објавување: 21.09.2014

Датум на рецензирање: 22.09.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

НОВИНАРСКА НЕПРЕЦИЗНОСТ ЗА „ШАШМОСУВАЊЕ“ НА ЈАВНОСТА

Во насловот има употребено „илјадници“, во поднасловот „повеќе од илјада лица“, подолу во текстот се вели дека „според светските агенции во протестот учествувале 20 илјади лица“, за конечно да се даде проценката на полицијата од „околу 5 илјади учесници“. Е сега сум збунет, навистина збунет. Толку нагаѓања и лутања на толку мал простор е премногу. Точно е дека е не само новинарски неблагодарно, туку и тешко да се даде приближна, не зборуваме за точна, бројка за масовноста на некој собир, но исто така е недозволиво туку-така да се нафрлаат бројки кои не само што не ја информираат, туку ја шашмосуваат публиката. Да бидеме попрецизни, веста која самата се фали со својата „шареноликост“, не тера да проверуваме по други медиуми за да утврдиме што навистина се случило и колкумина се собрале на протестот за мир во Москва. Еве фотографија која подобро отсликува каква била посетеноста на митингот:

reuters

Да бидеме доследни, станува збор за целосно преземена агенциска вест, што е и јасно наведено, која во самото составување ја има фабричката маана со непрецизноста и забуната околу бројноста на собирот во Русија. Сепак, тоа не ја намалува новинарскатаодговорност на тој што едноставно решил да направи copy-paste на основната информација, слепо потпирајќи се на напишаното од домашната државна новинска агенција. Оттука, доаѓаме до важното професионално правило за двојна, а ако треба и тројна проверка на сѐ што се објавува и има намена да ја информира јавноста. Убаво кажал народот „Два пати мери, еднаш сечи“! Искрено, ниту содржината и на оригиналот и на копијата не е претерано опсежна и не баш коректно го опишува настанот. Впечатокот е како да се сакало, а и се прелетало, преку оваа вест, како да е нешто небитно – „протестче во Москва“.

Затоа, како заклучок следи дека имаме пример за неодговорен пристап кој резултирал со неодговорен новинарски производ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

преземена вест

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

има непрецизни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

насловот соодветно не кореспондира со содржината

некреативен

несензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести