verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И терсене и наопаку

on 15 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

[Рецензија: Хаос во опозицијата: Заев ги демантираше медиумите на Сорос]

 

Овој напис, кој претендира да биде текст, тоа не може да биде и тоа од една единствена причина. Ова е коментар кој не е означен. Притоа, нема вистина во сето тоа што е напишано. По тоа што не е содржаен, се гледа дека ова е некаква нарачка која морало да се стави, без притоа многу да се размислува.

recenzija Zaev mediumiЛинк до оригиналниот напис: Хаос во опозицијата: Заев ги демантираше медиумите на Сорос

Датум и време на објавување: 11.06.2015, 07:55

Датум на рецензирање: 12.06.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

„Цело попладне медиумите финансирани од Сорос тврдеа дека денеска во Брисел била прифатена техничка влада која би ги подготвувала изборите и дека се дискутирало за времетраењето на нејзиното функционирање.“

Ова е првиот пасус од текстот и, секако, не е вистинит. Имено, медиумите тврдеа (а, тоа се гледа и од фотографијата од принтскринот која ја има на текстот) дека на маса е предлог за техничка влада. Никаде не се споменува дека била прифатена таква влада.

Во текстот кој е земен за „анализа“ стои:

„Според дипломатски извор кој ги следи преговорите во Брисел, на масата е предлог за техничка влада и повлекување на Никола Груевски од премиерската позиција три месеци пред април 2016 година, времето на договорените идни предвремени избори.“

Значи, никаде не пишува дека е прифатена техничка влада, туку дека е на маса.

Потоа, се прави замена на тези и се тврди дека Заев самиот ја побил оваа теза со негова изјава дека не прифаќа влада со Груевски во неа. Со ова и понатаму останува нејасно како изјавата на Заев ги демантира медиумите? Во текстот се вели дека изворите се дипломатски. Тоа нема врска со тоа што кажал Заев подоцна. Медиумите самостојно си пласираат информации и не мора тие да се совпаѓаат со изјавите на политичарите. Парадоксот да биде поголем, текстот тврди дека „соросовите“ новинари пласираат невистини.

Ова е уште еден од низата текстови што имаат само една цел – да се омаловажи противникот без притоа да се мисли на „жртвите“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести