verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вистинската ексклузивност во новинарството не е клиентелизам

on 15 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

[Рецензија: ВИДЕО: Во тек преговорите во Брисел за излез од политичката криза]

 

Невистинит и тенденциозен финиш на, инаку, во основа коректен материјал. Класичен пример за тоа како крајот, наместо да го краси, може делото да го гнаси.

FireShot Screen Capture #002 - 'ВИДЕО_ Во тек преговорите во Брисел за излез од политичката криза' - www_kurir_mk_makedonija_vesti_203354-VIDEO-Vo-tekЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Во тек преговорите во Брисел за излез од политичката криза

Датум и време на објавување: 10.06.2015, 14:45

Датум на рецензирање: 11.06.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПРВО, ПРОВЕРЕТЕ СИ ГИ ФАКТИТЕ

Во новинарството фактите се сè. Не за џабе се вели дека „пред фактите и боговите молчат“. Затоа, пред нешто да се објави како медиумски производ наменет за широката публика, мора да се провери и, ако треба, два, па и трипати да се проконтролира она што ќе ѝ се понуди на јавноста како кредибилна информација. Веќе напомнав дека, во суштина, овој материјал е коректен, ни дава увид на почетокот на бриселските преговори власт-опозиција менаџирани и водени со посредништво на меѓународната заедница, кои, за жал, не доведоа до договор. Проблемот лежи во последниот параграф на овој, од А до Ш преземен текст, во кој се изместува значењето на „ексклузивноста“ во новинарството и „борбата“ за прв да дојдеш до информацијата, поистоветувајќи го со селективностa на политичарот „кому би му дал изјава“. Во овој случа,ј новинарката, која одлично ги познава институциите на ЕУ, покажала ангажираност и наместо да седи во прес-делот во зградата, каде се одржуваа разговорите, решила да причека пред влезот. Таму, на влегување, го „начекала“ лидерот на опозицијата и добила „ексклузивка“, изјава пред почетокот на преговорите. Ова некој го искористил за да напише формулација која тврди за некаква селективност, а дополнитело е и невистинита:

„Она што изненади на стартот, е потегот на претседателот на СДСМ, Заев, кој единствено пред средбата даде изјава, но за медиум избран од негова страна и на оддалечена место од другите новинарските тимови кои во прес-собата на Европската комисија го очекуваат исходот од денешните преговори.“

Значи опозиционерот е „виновен“ што бил фатен, а медиумот што му зел изјава?! А, што требало да сторат? Да се разминат и да се прават недоветни дека и политичарот и телевизиската екипа се дојдени на тоа место во тоа време за една иста работа. Или, пак, можеби новинарката требало да му каже на лидерот на СДСМ да причека, а таа да влезе во зградата, да помине безбедносна проверка, да отрча до прес-центарот и да ги повика и другите колеги, процес што би траел најмалку неколку минути, и така сите заедно да земат изјава. Тогаш, наместо „екслузивност“ би имале „колективизам“ во новинарството. Но, нејсе, јасна е тенденцијата дека се сакало да се постигне ефект кај читателите дека опозицијата има „свои медиуми“ и само нив ги сервисира. Не, во овој случај новинарскиот ангажман не може да се меша со некаков политичко-медиумски клиентелизам. Толку околу извртувањето на ситуацијата, а малку за вистинитоста. Во текстот се тврди дека „Заев единствено пред средбата дал изјава“, што е неточно. Уште еден од лидерите – учесници во преговорите имаше настап пред медиум пред почетокот на разговорите – Али Ахмети. Аха, и сега што правиме. Паѓа во вода тврдењето дека само Заев, според написот е кабает, зашто и лидерот на ДУИ бил „фатен“ од само еден медиум пред да влезе во кабинетот на еврокомесарот за проширување. Наместо да се брзало со обвинувања, требало прво сè убаво да се провери и уште еднаш сè да се проконтролира, зашто, нели, пред фактите и боговите молчат.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

делумно

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести