verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Селективен текст кој го премолчува скандалот со едночасовното доцнење на премиерот

on 17 - 10 - 2015       

http___wwwpress24mk_grizhata-pro-crop-resize

 

[Рецензија: Грижата продолжува: Нов објект за децата со оштетен вид во Кисела Вода]

 

Овој селективен текст го премолчува скандалот со едночасовното доцнење на премиерот и не кажува дека американскиот амбасадор, по 45 минути трпеливо чекање, церемонијата за новите простории во училиштетото „Димитар Влахов“ ја почнал сам со министерот за образование.

Исто така, иако реновирањето на училиштето за деца со оштетен вид е американска донација, тоа е  искористено за фалење на Владата и на премиерот, дека се посветени во решавањето на  проблемите на овие лица. Така што, излегува дека власта се кити со туѓо перје!

http___www.press24.mk_grizhata-proЛинк до оригиналниот напис: Грижата продолжува: Нов објект за децата со оштетен вид во Кисела Вода

Датум и време на објавување: 15.10.2015, 14:04

Датум на рецензирање: 16.10.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРЕМОЛЧЕН СКАНДАЛ

Од написот што го рецензираме, читателите не можат да разберат дека на свеченоста во училиштето „Димитар Влахов“ премиерот го оставил амбасадорот Џес Бејли да чека еден час и пет минуити и дека прославата почнала без него.

Како што пренесоа медиумите, амбасадорот Бејли имал трпение да го чека премиерот 45 минути за заеднички да ги отворат новите простории на училиштето. А, потоа решил со министерот за образование Адеми да влезат и да ги поздрават учениците, кои заедно со стотина граѓани и родители чекале да почне свеченоста. Интересно е тоа што, министерот Адеми, поздравувајќи ги присутните, се извинил во име на премиерот дека тој

„од итни и оправдани причини не е во можност да присуствува на настанот.“ (од 0,57 со 1,08 минута од видеозаписот)

Но, на крајот од церемонијата премиерот, сепак, пристигнал.

 

И ФОТОГРАФИЈА ОД ПРЕМИЕРОТ!

Текстот  има прецизни извори на информации и точно ги пренесува изјавите. Меѓутоа, тој е селективен и е пишуван во агитроповски манир. Наместо да ја долови атмосферата и да ја прикаже вистинската слика од настанот, ја воздигнува власта.  Фалбаџискиот тон се забележува со изборот на самиот наслов, кој испраќа порака дека Владата е грижлива за оваа ранлива категорија граѓани.

Написот дава огромен простор на изјавата на премиерот, во која тој ги реди проектите на Владата (од 2007 година наваму) за подобрување на положбата на слепите лица:

„…набавка на 400 аудио книги, изградба на дактилни патеки, воведување софтверско решение од исклучителна важност за работа со компјутери на слепите лица и правото на додаток за слепило од 7.000 денари…

 

Во сите овие години субвенционирано е вработувањето на над 2.500 лица по оваа програма, која ќе продолжи во иднина…

 

…Изминатиот период е објавен и оглас за вработување на 300 лица со инвалидност и во моментов во тек е постапката за нивно распоредување по институции…“

Во таков воспевачки дух е и фрагментот од изјавата на министерот  Адеми:

„Министерството за образование и наука, Владата и другите надлежни институции,  системски работат на подобрување на животот на сите луѓе со попреченост во нашата земја.“

Паѓа в очи и тоа што текстот  е илустриран со фотографија – портрет на Груевски, иако е логично да биде прикажана илустрација од новите простории на училиштето.

Така што,  гледано во целина, онака како што е скроен и пласиран написот, тој наликува на внимателно спакувана политичко-пропагндна содржина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести