Веста е многу повеќе од лично мислење на еден извор
Објавено во Рецензии
on 17 - 10 - 2015 Автор: Fatlume Dervishi[Рецензија: Зекири: ВМРО и ДУИ се извадиле скроз од памет]
Содржината на веста треба да ги почитува стандардните правила за структурата, што подразбира да има глава, содржински дел и таканаречен „бекграунд“. Доколку недостига некој од овие елементи, многу мала е можноста написот да биде јасен за читателот. Но, кога еден текст воопшто не ја почитува ова структура, освен што е нејасен, нејасна е и целта на пренесувањето на информацијата.
Линк до оригиналниот наслов: Зекири: ВМРО и ДУИ се извадиле скроз од памет
Датум на објавување: 06.10.2015
Датум на рецензија: 07.10.2015
Рецензент: Фатљуме Дервиши
Сè што претставува веста што ја рецензираме е следново:
„Главниот и одговорен уредник на ТВ Алсат, Мухамед Зекири, го коментирал предлог-законот предложен од ВМРО и ДУИ за да забрани објавувањето на бомбите.“
Aвторот продолжува со цитирање на коментарите објавени од Мухамед Зекири на социјалната мрежа „Фејсбук“, редејќи ги еден по еден. Очигледна е пристрасноста на текстот и тоа поради претставување на личните коментари на еден главен урденик, од неговата страна на „Фејсбук“. Овие коментари не претставуваат јавен и професионален став на тоа лице, бидејќи навредите претставуваат кршење на етичките норми на неговата професија.
„ВМРО и ДУИ скроз се извадиле од памет.“
Бидејќи се работи за лични ставови, тие не се на нивото на информации од јавен карактер. Веста е повеќе од лично мислење на еден извор, кој и да е тој.
Текстот е едностран, бидејќи им се дава простор само на критиките и се избегнува можноста за спротиставување на ставовите со другата страна, на која тие се упатени.
Еден друг недостаток на овој текст е тоа што нема заднина, односно „бекграунд“ или дополнителни информации. Јавноста треба да знае што е тоа што ја предизвикала реакцијата, за каков закон се работи и да има повеќе извори што би говореле за позитивните и за негативните страни на овој предлог-закон.
Во недостиг на сите споменати елементи, кои се потребни за една целосна информација, текстот е далеку од потребното професионално ниво.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
неструктуриран
нема мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови