verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Една запирка – милијарди број

on 20 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

22222222-098765-09870097-crop-resize

 

[Рецензија: Грција продаде 14 регионални аеродроми]

 

Имаме текст со сериозен пропуст. Наведените податоци не одговараат на фактичката ситуација со што публиката е дезинформирана за многу милијарди евра. Ова е пример за тоа како „малку недостига за многу да се згреши“.

22222222Линк до оригиналниот напис: Грција продаде 14 регионални аеродроми

Датум и време на објавување: 18.08.2015, 13:24

Датум на рецензирање: 19.08.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

Неверојатно е колку малку треба во новинарството за да се направи сериозна грешка. Во овој случај тоа е една запирка ставена на лошо место во лошо време. Станува збор за легитимна информација – грчката влада, притисната од неповолната финансиска ситуација, дава под концесија 14 регионални аеродроми на германска компанија. Тука нема каков било проблем. Недостатокот, од новинарски аспект, се појавува во делот на парите, кои официјална Атина треба да ги инкасира од новиот оператор на овие аеродроми. Овој текст тврди дека во прашање се 12,3 милијарди евра што, ако подобро се размисли, е навистина висока сума имајќи предвид дека се работи за аердроми, пред сè, ситуирани на острови кои имаат поголем сообраќај само во текот на туристичката сезона. Но, внимателното око на наш читател, како и неговото двојно проверување, забележа дека „кваката“ е во тоа што е направена утка во позиционирањето на запирката во износот што Германците ќе им го платат на Грците за долгогодишното отстапување на аеродромите. Имено, конзорциумот „Фрапорт Слентел“ (Fraport-Slentel) за зделката ќе исплати 1,23 милијарди евра, а не 12,3 милијарди евра како што нè „информира“ овој напис. Има разлика, нели, и тоа во цели 11,07 милијарди евра. Верувам дека станува збор за ненамерна, ама сепак е сериозна грешка.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации… – член 1 од Кодексот на новинари.

Проблемот станува уште поголем зашто оваа вест е објавена од државната новинска агенција и потоа, со нејзината фелеричност, како таква е преземена од речиси сите домашни медиуми. Затоа го имаме овој своевиден домино-ефект: „Првиот згреши, а потоа и сите по него“.

Затоа, еве, како поука во форма на тоа што вели сервисот на „Ројтерс“ во својот „Прирачник за новинарство“:

Прецизноста и непристрасноста се белегот на Томсон Ројтерс новинарството. Ниту прецизноста ниту непристрасноста смеат да се жртвуваат заради брзина. Двојно проверете ги фактите, БРОЈКИТЕ, имињата, датумите…

Ах, таа запирка, што белја направи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно точни

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

пласира погрешна информација

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

можело и подобро, не продава, туку дава аеродроми под концесија

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести