Новинарот не треба да ја насочува информацијата кон една страна
Објавено во Рецензии
on 20 - 08 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani
[Рецензија: ПДП сега наоѓа оправдување за Охридскиот договор (ОД)!]
Толкувањето на изјавите не е дел од професионалното известување. Новинарот треба да се воздржи од коментари за да не ја насочи кон една страна информацијата што ја пласира.
Линк до оригиналниот наслов: ПДП сега наоѓа оправдување за Охридскиот договор!
Датум и време на објавувањето: 13.08.2015
Датум на рецензија: 16.08.2015
Рецензент: Џенис Сулимани
Текстот што го рецензираме содржи наслов што му дава друга насока на ставот на ПДП. Во насловот се вели: „ПДП сега наоѓа оправдување за Охридскиот договор (ОД)!“ Во ставот на ПДП, пак, во врска со Охридскиот договор се вели дека Партијата за демократски просперитет уште еднаш ја потсетува пошироката јавност дека ПДП не сакаше да го парафира овој документ на 8 август 2001 година бидејќи не ги исполнуваше сите поставени барања од основниот документ на ПДП, туку ова го направи под огромен притисок на меѓународните претставници и со аргументација дека документот ќе служи за прекинување на конфликтот од 2001 година.
„Пратениците на ПДП на состанокот на парламентарната група ја прифатија одлуката на претседателот Имер Имери за гласање на Преамбулата, по притисок, кој што според претседателот Имери, го вршеле претставниците на меѓународната заедница и политичките лидери од Косово и Албанија, врз пратениците на ПДП.“
Од изјавата се подразбира дека ПДП ги изнела деталите за начинот на кој е донесена одлуката за потпишување на ОД од оваа партија. Затоа, новинарот, не треба да суди за ставот на партија, туку да го пренесе на оригинален начин.
Читателот е тој што ќе го оцени ставот на партијата, без да има потреба да ја прочита насоката што му ја дава авторот преку насловот или некој дополнителен коментар во текстот.
Непрофесионална е тенденцијата преку насловот читателот да се насочи кон одреден став. Ако изјавата создава нејаснотии, тогаш новинарот треба да побара објаснувања од политичкиот субјект. Коментирањето или толкувањето на изјавата не е во согласност со новинарските стандарди.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови