verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Еве до каде дотурка сценариото на Заев: Ермира Мехмети бара Албанец за премиер!

on 16 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

03122015-Kurir-Ermira-crop-resize

 

Насловот на медиумската содржина што ја рецензираме објавува и најавува којзнае каква ерес, иако, дури и да го земеме како факт ставот на пратеничката Ермира Мехмети, изнесен на нејзиниот приватен профил на една социјална мрежа, новинарот и медиумот, нема никаква професионална основа да се осуди тој став на таков начин. Зашто, според врвниот принцип на етичност и на професионалност во своето работење, треба да се почитува ставот од преамбулата на Кодексот на новинарите кој нагласува дека:

Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

03122015-Kurir-ErmiraЛинк до оригиналниот напис: Еве до каде дотурка сценариото на Заев: Ермира Мехмети бара Албанец за премиер!

Датум и време на објавување: 11.03.2015 14:20

 

Датум на рецензирање: 14.03.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Навистина нема никакви елементи да биде изведен таков наслов, каков што е изведен од ставот на пратеничката Ермира Мехмети. Тоа е нејзина лична процена на ситуацијата и мислење кое нема зошто да се доведува во контекст на некаква ерес или на нешто што нè „дотуркало“ до некаква можност која е незамислива или која треба да ни втера страв во коски.

За да ја поткрепат тезата од насловот, авторот и медиумот ја дополнуваат со слични ставови на уште двајца проминентни политичари од постар датум за да ги засилат линиите на рамката која таквите изјави треба да ги обои како апсолутно неприфатливи.

Тој тип на отворено и настојчиво врамување ја прави оваа медиумска содржина политички пристрасна, што е во судир со членот 14 од Кодексот на новинарите:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Еден од најголемите политичари на 20 век, Винстон Черчил, рекол дека треба да си храбар за да искажеш политички став, но исто толку храброст треба да имаш и за да го чуеш тој политички став.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести