verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Дестабилизација за политичка реинкарнација – СДСМ игра на оваа карта за враќање по политичкиот пост од 9 години

on 16 - 03 - 2015       

politicka-kriza-099876-098-crop-resize

 

Овој текст e конструиран врз шпекулации. И новинарските написи пишувани врз база на шпекулации мора да имаат извори, кои ќе ги протолкуваат наодите изнесени во нив. Тоа е многу важно, особено кога се работи за шпекулации кои, како во случајов, имаат намера да дезинформираат и да дефокусираат.

politicka krizaЛинк до оригиналниот напис: Дестабилизација за политичка реинкарнација – СДСМ игра на оваа карта за враќање по политичкиот пост од 9 години

Датум и време на објавување: 06.03.2015, 19:51

Датум на рецензирање: 09.03.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕСЕОПФАТНОСТ И ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

„Со објавените факти во јавноста, СДСМ, лидерот Зоран Заев и неговите соработници, сакаат да предизвикаат дестабилизација во Македонија, сметаат експертите. Ова според нив, досега се потврди неколку пати и на јавноста и стана јасно која е крајната цел.“

Ова е првиот пасус во текстот ,со кој веднаш станува јасно која е и неговата намера. Се почнува со спин за наводна дестабилизација, а притоа не се посочува како и со кои средства тоа би се направило. Прилогот сака да протолкува дадена ситуација, а не дава ниту една снимка од тие што ги објави лидерот на СДСМ. Нема ниту парафраза на тоа што е зборувано во објавените разговори. Сето тоа е зачинето со „сметаат експертите“, кои во прилогот се невидливи, а се филува со „на јавноста ѝ е јасно“. Наводните експерти, пак, не се лоцирани ниту по име, ниту по професија, а нема ниту некаква назнака за нивната анонимност. Изворот, дури и да е анонимен, што не е неприфатливо во новинарството, мора да има одредена назнака за барем малку да се лоцира неговата веродостојност. Вака излегува дека треба да им се верува на наводни експерти, кои навистина сметаат така, а со тоа и дека јавноста навистина им верува на чесен збор.

Текстот понатаму продолжува во истиот стил со „познавачите на политиката“ (?!), кои тврдат дека во СДСМ „се свесни дека нивното штетно делување врз државата ќе им нанесе проблем на македонските граѓани, а оди само во корист единствено на нивните тесно партиски интереси“.

Тука се даваат квалификации без да се каже какви, на пример, интереси би имале во СДСМ. Финасиски, политички, некои други? Прашањето кое како теза го поставува прилогот, нема одговор. И покрај тоа што со целиот текст сака да се деградира целото раководство на опозициската партија, во ниту еден момент не е даден, макар мал дел од некоја изјава на Зоран Заев. Со тоа ќе се исполнело правилото да се праша страната која е обвинета. Или можеле да извадат еден дел од изјавите на Заев во кој тој вели дека сето ова се прави во интерес на државата (никаде не вели за личен интерес) и за спас на Македонија од корумпираната власт. Вака, прилогот си зборува сам со себе, без втора страна.

„Уште еден доказ, за аналитичарите се и фотографиите кои беа објавени во јавноста и на кои се гледа како младите членови на СДСМ манифестираат насилство, слика која според познавачите на политиката е единствен одговор на неуспехот кој го доживеаја со бомбите.“

Овој паус е целосно невистинит. Иако веднаш беше демантирана оваа информација која се појави во јавноста, таа, сепак повторно најде место во овој прилог.

Оваа информација веднаш беше и предмет на рецензија на „Сервис за проверка на факти во едиумите“, во која е наведено:

„Појдовната точка во оваа содржина се фотографиите од кои добиваме информација за некој тренинг, вежби, на некои боречки вештини. Тоа што на авторот на овој текст му е доволно да ја поврзе оваа активност со опозициската партија, се партиските обележја на ѕидовите во просторијата. Во ред. Тоа може да биде нешто од што новинарското истражување треба да тргне понатаму. Да се наведе изворот на фотографиите. Ако е анонимен, на читателите да им се дадат доволно дополнителни информации кои нема да го откријат изворот, но ќе бидат доволно уверливи дека се работи за реален извор. Да се утврди датумот на настанувањето на овие фотографии. Да се побара изјава од опозицијата. Да се отиде во местото каде што е просторијата, бидејќи на една од фотографиите ја пишува локацијата и да се провери на самото место дали таму има такви активности, кој ги организира, кои се луѓето што вежбаат…“

Кога во новинарскиот текст нема извори и најголемата вистина и невистина изгледаат исто – неуверливо. Нема ниту една причина зошто е објавен овој текст, освен што се појави во време на засилен притисок за криминал врз Владата.  Покрај непостоењето на извори и изјави, во текстот има постојано коментирање. Тоа кај читателот предизвикува чувство на политичка пристрасност, но и на несеопфатност и на тенденциозност.

Во овој напис е прекршено правото на јавноста да биде информирана. Инаку, можело да се направи анализа со сериозна критичка опсервација на опозицијата, ако веќе морале да имаат прилог во таа насока. Но, не е сторено ништо од тоа и затоа овој текст е повеќе за партиски билтен отколку за телевизија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести