verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Експерти: Стравот на Заев од избори ги урна преговорите

on 15 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Овој текст просто натежнува од пристрасност и од тенденциозност. Тој остава впечаток како да е правен со однапред зацртана цел да го обвини лидерот на опозицијата дека ги „минирал“ разговорите во Брисел (10 јуни 2015 година), бидејќи, наводно, се плашел од  изборно соочување. Веројатно и изборот на двајцата аналитичари е направен за да ја потврдат ваквата теза, при што нивното мислење се предимензионира како да е во прашање став на целата експертска јавност.  А, тоа се прави уште со претенциозниот наслов: „Експерти: Стравот на Заев од избори ги урна преговорите“, со кој фактички се манипулира публиката.

http___www.telegraf.mk_aktuelno_makeЛинк до оригиналниот напис: Експерти: Стравот на Заев од избори ги урна преговорите

Датум и време на објавување: 11.06.2015

Датум на рецензирање: 12.06.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

НА ИСТА ЛИНИЈА СО ПРЕМИЕРОТ

Написот користи прецизни извори на информации, но тие се еднострани. И двајцата експерти се познати по своите критички настапи кон опозицијата, па добар дел од јавноста не ги доживува како објективни.

Нивните ставови искажани во текстот се совпаѓаат со изјавата на премиерот, дадена по 12-часовните разговори на македонската лидерска четворка со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан во Брисел.

„Заев ниту сакаше да постигне договор, ниту пак дојде до тоа. Човекот не дојде да се договори, туку дојде да не се договори. Се плаши од избори. Знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско, ќе го доживее најголемиот пораз на СДСМ во историјата. Ни договор сака да постигне, ни избори сака да има…“

 

„… Тој сакаше да не се постигне договор. Прво за да не оди на избори, и второ колку што може повеќе штета да направи за економијата на државата…“

 

„…Атмосферата што ја градеше последниве денови укажуваже дека не сака да постигне договор..Брифинзите што ги пуштаа, интервјуата што ги даваше укажуваа дека ќе оди на таква варијанта за да не дојде до договор…“

 

 „…Да беа точни тие шпекулации, меѓу кои и оваа за техничка Влада, вечерва ќе имавме договор. Зошто немаме договор? Затоа што сите шпекулации кои ги добивавте од страна на СДСМ беа неточни“   (Груевски)

Во текстот што го рецензираме, Каракамишева и Мирчев, всушност, само ги повторуваат ваквите критики  на Груевски, адресирани до Заев.

 

НАГЛАСЕНА ПРИСТРАСНОСТ

Очигледно е дека во ова необјективно четиво не била планирана втората страна на приказната. Затоа воопшто не се споменува изјавата од претседателот на социјалдемократите, или, пак, соопштението од СДСМ. Па, публиката не може да прочита што вели опозицијата за неуспехот на преговорите во Брисел.  А, според СДСМ:

„Не е задоволен условот за суштинското прашање околу отворањето преговори,  организирање Влада што нема да ја предводи Никола Груевски“ 

Текстот е зачинет и со коментаторски елементи  – протнати како мислења на експрети. Тој е политички  некооректен, осмислен и пласиран за да ѝ  наштети на опозицијата и на нејзиниот лидер. Намерата за дискредитација се забележува на самиот почеток и таквиот дух го задржува до последната реченица.

Гледано од професионален аспект, единствена светла точка се фотографиите со кои е илустрирана оваа пристрасна медиумска содржина, во која затаиле принципите на етички исправното новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести