Рецензија: Директорот на БЈБ Чавков и амбасадорот Гарет ќе потпишат Меморандум за соработка
Објавено во Рецензии
on 21 - 11 - 2014 Автор: Владимир МирческиЗамена на идентитет, ама не Борновиот. Нејзиното Височество, барем, според овој текст – поточно фотографија, доби нов амбасадор во земјава, ама тој некако да ти има познат, стар лик. Пример за многу брзање, a малку мислење.
Линк до оригиналниот напис: Директорот на БЈБ Чавков и амбасадорот Гарет ќе потпишат Меморандум за соработка
Датум и време на објавување: 17.11.2014 09:08
Датум на рецензирање: 20.11.2014
Рецензент: Владимир Мирчески
GOOGLE IMAGES SEARCH НЕ Е ЗАМЕНА ЗА НОВИНАРСКИОТ ТРУД
Да расчистиме, не може, барем не во коректен, новинарски текст еден човек, во овој случај амбасадор, да биде претставен со едно име, а илустриран со друга фотографија. Значи еден лик – едно име, друг лик – друго име. Мала асистенција:
Кристофер Ивон, поранешен амбасадор на Велика Британија во Македонија (2010-2014):
Чарлс Гарет, актуелен амбасадор на Велика Британија во Македонија;
Има разлика, нели?
Станува збор за сериозна грешка која им се случува и на далеку посериозни медиуми од конкретниот, но по такви „лапсуси“ најчесто следуваат и сериозни извинувања од уредништвото. Погоден е директорот на БЈБ при МВР, ама утнат е амбасадорот. Интересно е што во овој кус напис „поддржан“ со конкретната фотографија се гледа дека брзањето, зачинето со незнаењето, било „добитната“ комбинација за пропустот. Знаете, па ниту Google Images Search (опција за пребарување на фотографии на „Гугл“) не е семоќен, па, наместо новинарите, да препознава кои се актуелни, а кои бивши амбасадори.
Слаба новинарска ангажираност, навистина слаба.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
промашува фотографии кои се нераскинлив дел од информацијата
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија (агенциска вест)
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
промашена фотографија, заменет е човекот
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови