verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Дали Заев соработува со истите странски служби со кои го молеше Тачи?

on 11 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Дали Заев соработува со истите странски служби со кои го молеше Тачи Република Online-crop-resize

 

Медиумот категорички констатира дека Зоран Заев соработувал со странски служби, му лепи и хипотека дека тоа го правел и пред една година кога на Мендух Тачи му испратил една телефонска порака. Според медиумот, сега е дилемата само од кога соработува и дали се тоа исти странски служби „со кои го молеше Тачи да му помогне во рушењето на  демократски избраната власт во Македонија“.

Дали Заев соработува со истите странски служби со кои го молеше Тачи Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Дали Заев соработува со истите странски служби со кои го молеше Тачи?

Датум и време на објавување: 03.03.2015, 14:47

Датум на рецензирање: 05.03.2015

Рецензент: Александар Писарев 

„Дали Заев соработува со истите странски служби со кои го молеше Тачи?

Од кога Зоран Заев соработувал со странски служби и чии се тие служби кои треба да му помогнат во рушењето на демократски избраната власт во Македонија?

Заев и претходно соработувал со странски служби во борбата за власт во Македонија.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во март лани во јавноста ги објави пораките со кои Заев го моли „заедно да го турнат Груевски“. Во четвртата порака Заев се повикува на „дадени насоки и препораки“ и додава: „Ме подготвуваат и повисоките надвор од Македонија“.“

Повикувајќи се на телефонската пoрака стара една година, медиумот на Заев му лепи хипотека дека и претходно, а не само сега, соработувал со странски служби во борба за власт во Македонија.

Иако поминала цела година, против Заев, врз основа на таа порака, не е водена истрага ниту е подигнато обвинение за соработка со странски служби.
Повикување на пораката која Зоран Заев му ја пратил на  Мендух Тачи пред една година, не може со ништо да ја потврди констатацијата дека Заев соработувал со странски служби, ниту може да го отвори прашањето дали се тоа истите странски служби од пред една година, со кои, наводно, Заев „подготвувал да ја урне власта во Македонија заедно со Тачи“.

Јавен обвинител никогаш не се произнел дека таа порака упатува или има врска со соработка со странски служби. Ниедна државна институција, јавен обвинител, суд… уште не се изјасниле дали и дека Зоран Заев соработувал со странски служби, па категорички изнесената  констатација дека соработувал со странски служби не е вистина.

Заев не бил ни осомничен за соработка со странските служби, не била против него покрената истрага, обвинение, ниту бил осуден, па не е вистинит наводот дека „и претходно соработувал со странски служби во борбата за власт во Македонија“, а бидејќи ниту сега против него уште не е подигнато обвинение за соработка со странски служби, изнесените констатации не се точни.
Со ова се прави обид  да се креира јавното мислење за лидерот на опозицијата како долгогодишен соработник на странските служби, иако такво право имаат само правосудните институции врз основа на Законот.

И пред една година, медиумите блиски до власта манипулираа со наведената порака, обидувајќи се да го дискредитираат лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Во Законот за кривична постапка, во глава IV, член 39, се наведени правата и обврските на јавниот обвинител:

  1. Основно право и должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност.
  2. Во предметите за кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност, јавниот обвинител има право и должност да: ги насочува дејствата на органите надлежни за откривање и за пријавување на кривичните дела и на нивните сторители, предлага или да издава наредба за преземање на посебни истражни мерки, под услови и на начин определени со овој закон. Понатаму, тој донесува наредба и да спроведува истражна постапка, предлага издавање казнен налог под услови определени со овој закон и поднесува и застапува обвиненија пред надлежниот суд.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

дел има, дел нема

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести