verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: СДСМ ја банкротира Македонија секој ден во последните 9 години

on 13 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___www.press24.mk_sdsm-ja-bankro-crop-resize

 

Насловната конструкција: „СДСМ ја банкротира Македонија секој ден во последните 9 години “, на прв поглед изгледа збунувачки. Прозвучува како СДСМ да е на власт!

Фактички, овој текст е озаглавен со целосно промашен наслов. Написот се однесува на прес-конференцијата на министерот за финансии (2 февруари 2015 година), за која директен повод беше шестата „бомба“ на прислушувани разговори што ги објави лидерот на СДСМ. Но, пораката од насловот воопшто ја нема во содржинскиот дел од текстот, па тој буквално „виси“.

http___www.press24.mk_sdsm-ja-bankroЛинк до оригиналниот напис: СДСМ ја банкротира Македонија секој ден во последните 9 години

Датум и време на објавување: 02.03.2014, 21:04

Датум на рецензирање: 08.03.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Текстот селективно информира за прес-конфдеренцијата на Ставрески.  Во него е пренесен коментарот на министерот дека тоа што го зборувал Заев „не е дел од реалноста“ и дека се работи за „замена на тези и селективни разговори, надвор од вистинскиот контекст“.

„И денеска, по којзнае кој пат, беа изнесени истите тези дека државата е пред колапс и банкрот, а всушност, ништо од тоа не е точно…“

Меѓутоа, од  написот не може да се разбере дека Ставрески на прес-конференцијата не ја негираше автентичноста на телефонските разговори и не даде конкретно објаснување како биле креирани снимките. Овој момент, случајно или намерно, е премолчен во извештајот.

Исто така, треба да се каже и дека Заев на прес-конференцијата (кој се одржа неколку часа претходно) не го употребува терминот „банкрот“, како што вели Ставрески во коментарот што е пренесен во написот.

Заев, напротив, посочува:

„Колку и да изгледа ова смешно навистина многу сериозно ја отсликува состојбата во Македонија, колапсот во буџетот и вистинската економска состојба (1: 10 : 15  до  1 :10: 26 од видеозаписот)

Овие 11 разговори од денеска доволно потврдуваат за хаосот во Буџетот и за катастрофалната економска состојба во којашто се наоѓа Македонија. Овие 11 разговори, целосно ја симнуваат маската на Никола Груевски – каква држава е Македонија“ (1 :10:57  до  1:11:17 од видеозаписот)

 

ПРОМАШЕН НАСЛОВ

Истовремено, неразбирливо е од каде е извлечен насловот, кој е главниот проблем во текстот. Се добива впечаток дека тој е избран за по секоја цена да се нападне опозицијата. Во него е искажано едно нелогично, дури смешно обвинување: „СДСМ ја банкротира Македонија секој ден во последните 9 години“!?

Иако е јасно дека опозицијата нема такви механизми. Впрочем,  таква поента воопшто нема ниту во извештајот. Па, гледано во целина, текстот наликува како „глава налепена на туѓо тело“.

Всушност, станува збор за материјал кој, најверојатно, е преземен од друг портал каде е објавен дваесетина минути порано, со исти поднаслов и фотографија, само со поинаков наслов.

А, речиси иднетичен  напис, со иста форма, но без поднасловот и со поинква илустрација е објавен и на повеќе други медиуми. Кај некои е наведено дека е преземен од државната информативна агенција, а кај некои не.

Само, освен написот што го рецензираме, сите други имаат наслови кои одговараат со содржината на информацијата. Во конкретниот случај е добиена лоша копија, па читателот на чиј предлог ја правиме оваа рецензија со право кометира: „ Спаси нѐ Боже од идиотски наслови“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести