verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Дали децата во градинките јадат соодветна храна на возраста?

on 27 - 05 - 2013       

Написот преку само еден пример ја генерализира состојбата во сите 55 градинки (податок од Министерството за труд и социјална политика), распоредени во 40-тина општини низ државата. Со тоа ем го пали алармот за паника кај родителите и ги доведува во заблуда за квалитетот на исхраната на нивните деца, ем не дава одговор на прашањето од насловот.

Рецензија: Дали децата во градинките јадат соодветна храна на возраста?Линк до оригиналниот напис: Дали децата во градинките јадат соодветна храна на возраста?

Датум и време на објавување: 22.05.2013, 16:08

Датум на рецензирање: 23.05.2013

Рецензент: Сунчица Стојановска Зоксимовска

Вистинитост: Текстот делумно се темели на факти, делумно на изјави. Веродостојноста на наводите би можела да се потврди (или да се отфрли) доколку се консултираат повеќе извори.

Извори на информации: Покрај два официјални извори, тврдењата во текстот се темелат и на неименувани родители и неименувани педијатри. Паѓа во очи дека не е инсистирано тие што обвинуваат (родителите) да ги има со име и со презиме. Особено не задоволува тоа што не е контактирано надлежното Министерство за труд и социјална политика, ниту пак во написот се посочува дека е направен некаков обид за контакт.

Содржајност: Веста не го исполнува минимумот за сеопфатност, не ги дава сите информации од релевантните извори, поради што не може да се извлече заклучок за предметната тема. Од овој напис, читателот може само да се збуни.

Пристрасност: Вистината е делумно прикажана, иако постојат лесно достапни начини целосно да се расветли проблемот. За жал, тоа не е направено. Написот покажува наклонетост кон тие што обвинуваат, наместо да даде аргументи „за“ и „против“ нивните тврдења.

Плагијат: Написот е оригинално дело, авторот е јасно наведен.

Квалитет на насловот: Насловот не информира, не е креативен, напротив, алудира на сензационалност во темата и на тенденциозност. Ако новинарското правило е насловот да го даде одговорот, тука има обратна ситуација – насловот го поставува прашањето, а веста не го нуди одговорот на тоа прашање.

Фотографија: Фотографија има, но е несоодветна – прикажани се деца како си играат наместо деца како јадат, што впрочем е темата на написот.

Заклучок: Написот е пример за тоа како медиумите можат да направат паника кај граѓаните. Станува збор за сензитивна вест (барем за родителите на децата згрижени во градинките), која содржи информации од обвинувачки карактер, а во неа ги нема со име и лик ниту тие што обвинуваат – во случајов, новинарот не се повикува на некои родители конкретно, ниту пак повиканите да одговорат – конкретно, министерот Спиро Ристовски.

Од изјавата „Имам ќерка од четири години и се мислам дали да ја пуштам од септември во градинка“ се добива впечаток дека написот има цел да им наштети на градинките.

Насловот предизвикува дилема кај читателите, кои се оставени сами да ја решат наместо тоа да го направи новинарот, нудејќи им факти за состојбата и решение доколку навистина има проблем.

Рецензија: Дали децата во градинките јадат соодветна храна на возраста?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Една мисла во “Рецензија: Дали децата во градинките јадат соодветна храна на возраста?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести