verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Целосен пораз на фактите во овој текст

on 30 - 05 - 2015       

Целосен-пораз-на-СДСМ-на-сите-полиња-I-Денешен-crop-resize

 

[Рецензија: Целосен пораз на СДСМ на сите полиња]

 

Овој текст е пишуван за по секоја цена да се нападне најголемата опозициска партија, што се гледа со самиот избор на насловот. И ваквата тенденција се препознава во секоја реченица од ова целосно необјективно, критизерско четиво. Материјалот е лошо новинарски спакуван и изгледа конфузно. Тој тргнува од митингот (контрамитингот) на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието и прави споредба со антивладиниот протест  на опозицијата и на граѓанскиот сектор пред Владата, па се префрла на вооружените инциденти во Куманово од 9 мај (2015). Написот најпрво користи виртуелни аналитичари, па се повикува на изјави од известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, и на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а завршува со екслидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, потсетувајќи на гостиварските настани од 1997 година!

Целосен пораз на СДСМ на сите полиња I Денешен весник_ - http___denesen.mk_web_ Линк до оригиналниот напис: Целосен пораз на СДСМ на сите полиња

Датум и време на објавување: 26.05.2015

Датум на рецензирање: 27.05.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ИЗМЕШАНИ „ЛОНЧИЊА“

Но, да одиме по ред. Текстот наликува на коментар. На самиот почеток излегува со обвинувања кон опозицијата, затскриени зад неименувани, ама „ сериозни аналитичари на настаните во нашата земја и пошироко во регионот“.  

Притоа, некако се измешани „лончињата“, па уште во првата реченица (која истовремено е и поднаслов) се констатира дека оваа партија „ја узурпирала демократијата“ , дека Заев платенички ги позајми остатоците на СДСМ за ненародни цели, гола власт и пари“ и дека „масовното собирање на Македонскиот народ на 18 мај пред Собранието било  во одбрана на демократијата и правото на избор…“. Тоа изгледа нелогично. Да се каже дека  власта во едно општество протестира за да ја „брани“ демократијата од опозицијата и од „лагите“ на нејзиниот лидер, навистина е смешно, па и ступидно.

Оценката, пак, на „аналитичарите и посматрачите кои попродлабочено ја набљудуваат македонската политичка сцена“, дека митингот на ВМРО-ДПМНЕ покажал оти  „речиси четири пати повеќе граѓани ја поддржуваат Владата и во неа гледаат гаранција на демократијата и дека Груевски не може да биде победен на  избори“, е претенциозна.

Тврдењето дека на собирот пред Собранието имало 200.000 граѓани е прилично дискутабилно. Имено, дел од медиумите излегоа со пресметки според кои присуството на митингот било десетпати поскромно (околу 21.000), а дека граѓаните кои бараат оставка од премиерот се далеку побројни.

Во овој дел од текстот, преку политички спин е подметната и лажна информација дека шефот на опозицијата сакал да ја урне власта со насилство!

„…собирањето на Заев и неговите не покажа снага ниту критична маса да ја собори власта со насилство, иако се обидоа“

Фактите говорат дека протестот што на 17 мај 2015 година се одржа пред Владата, во организација на опозицијата и на повеќе граѓански здруженија, помина мирно и без ниту еден инцидент.

 

ЗА СЀ Е ВИНОВНА ОПОЗИЦИЈАТA

Исто така, нејасно е како може вооружените инциденти во Куманово (9 мај 2015 година) да се стават во контекст на пораз на политиките на СДСМ! Но, тоа веројатно се прави во напливот опозицијата да се обвини за сите проблеми во државата.

И пишуван во тој дух, текстот селективно ги прикажува изјавите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и на известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл. Веројатно, затоа не се пренесува делот од изјавата на Столтенберг, каде тој повикува на „транспарентна истрага за судирот во Куманово во кој се убиени осум полицајци и 14 членови на една вооружена група“.

Ниту, пак, се кажува пораката на Вајгл „да се расветлат обвинувањата врз основа на содржината од прислушкуваните телефонски разговори“.

„Сите обвиненија, помеѓу претставниците на двете најголеми политички партии, треба да се проучат на објективен и непристрасен начин и ако се покаже дека наводите се темелат на факти, одговорните треба да се соочат со последиците“ (Вајгл)

Од  миксот на селективно избрани и спинувани информации, фактички е направена наменска конструкција (во неа дури се споменуваат и гостиварските  настани од 1997 година), која нема некои допирни точки со новинарството. Оваа медиумска содржина остава впечаток како да е диктирана од некој политички центар и подметната како легитимен новинарски производ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести