verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: 20 масони исчезнале во малезискиот авион: Мултимилијардерот Ротшилд стана единствен сопственик на микрочипот од иднината?

on 7 - 04 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

cip-rotshild-0987009988-000999-crop-resize

Пред нас имаме еден текст кој може да се смести во жанрот научна фантастика. Не во смисла дека вакво нешто досега не сме прочитале, туку во намерата и пораката која го испраќа текстот. Всушност, вакви приказни сме гледале во најмала рака во филмовите на Џемс Бонд, каде тој го спасува светот од крвава војна. Слична, ако не иста е и приказната во овој текст, за кој мора да се напомене дека дел од фактите се точни. А, тоа е дека 20 луѓе од компанијата „Freescale Semiconductor“ навистина исчезнале со малезискиот авион. Но, сето друго во текстот, па и да е точно, не може да се потврди, туку служи само да се посее страв. Приказната е премногу комплицирана и, всушност, сака да каже дека е „најстрого чувана светска тајна“. Сепак, во неа нешто не „штима“. Инаку, зошто овој текст би се појавил на 28 март 2014 година, кога и самата компанија овој податок, дека со авионот исчезнале 20 вработени, официјално го објавила на 8 март 2014 година. Никаде, пак, во текстот не може да се забележи поентата од насловот, односно да се види зошто тие би биле масони и ако веќе се од кој ред, на пример. Колку да има некој валиден податок, не за друго.

cipЛинк до оригиналниот напис: 20 масони исчезнале во малезискиот авион: Мултимилијардерот Ротшилд стана единствен сопственик на микрочипот од иднината?

Датум и време на објавување: 28.03. 2014, 11:05

Датум на рецензирање: Владо Ѓорчев

Рецензент: 03.04.2014

 

КОИ СЕ ЛУЃЕТО

Текстот е вистинит само во тоа што навистина 20 вработени од компанијата исчезнале со малезискиот авион. Но, никаде не може да се прочита, па дури ни самата компанија не тврди, дека тие луѓе биле членови на високите раководни ешалони на компанијата. Напротив, од команијата тврдат дека тоа се, всушност, само вработени затоа што според овој цитат за компанијата:

Freescale Inc е американска компанија која произведува и дизајнира вградени хардверски, полупроводнички чипови за употреба низ целиот свет. Компанијата се фокусира на автомобилската индустрија, а во своето портфолио вклучува и микропроцесори, микроконтролери, дигитален сигнал процесори, дигитален сигнал контролери, сензори и слично. Покрај тоа, компанијата нуди софтвер и развојни алатки за поддршка на развој на производот. Фирмата е со седиште во Остин, а работи во повеќе од 20 земји.

На 8 март, 2014 година, Freescale најави дека 20 од своите вработени биле патници на Малезија ерлајнс 370.“

Се гледа дека патниците биле само вработени во компанијата. Да напоменеме дека ова се официјални податоци.

 

ФАМОЗНИОТ ЧИП KL-03 9

И да. Целата приказна е околу извесен чип KL-03 9 (кој служи како гаџет за електронско војување, барем така тврди текстот) и сега без тие 20 луѓе го има само сопственикот на компанијата, мултимилијардерот Јаков Ротшилд. Премногу филмски, нели?!

Нема извори на информација, најверојатно текстот е преземен од некој медиум од странство, но не е посочено од кој.

Текстот има материјал дека 20 луѓе од оваа компанија се исчезнати. Но, другото не може да се потврди. Нема пристрасност, но се сакало малку да се подигне читаноста. Инаку, овој текст нема некој друг ефект. Нема коментирање туку само пренесени заклучоци. Се гледа дека не се авторски и се од медиумот од каде што се земени.

Насловот е сензационален и привлекува внимание. Всушност насловот го тера читателот да го прочита текстот.

 

ФАТЕТЕ ГО КРАДЕЦОТ

Фотографијата е ставена само како илустрација од сопственикот на компанијата и наводно е човекот кој во мометнов е еден од најмоќните во светот.

Вакви текстови, кои треба да предизвикаат паника, одмана не ги ставаме во таканаречените забавни рубрики кои покриваат магазински содржини. Всушност, вакви текстови можат да бидат и опасни. Можеби не во Македонија, каде читателската публика и не е преокупирана од вакви текстови кои обработуваат високи светски политики на високите елити, но, на пример, во САД ваквите тесктови можат и навистина да предизвикаат страв кај населението. Тоа секако е до менталитетот на народот и до пропагандата која ја врши власта, па засега можеме да бидеме мирни дека Македонците нема да се потресат за овој текст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести