verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: МТСП – продолжува со грижата за децата со аутизам

on 7 - 04 - 2014       

МТСП продолжува со грижата за децата со аутизам   Press24-crop-resize

Написот насловен: „ МТСП – продолжува со грижата за децата со аутизам“,  прозвучува како Министерството за труд и социјална политика, односно државата,  да обрнува  многу големо внимание на оваа ранлива категорија граѓани. Во таков дух е напишан целиот текст. Всушност, злоупотребен е еден протоколарен настан, 2 Април  – Меѓународниот ден на аутизмот, за величење на владините политики во социјалната сфера.  Притоа, се прикриваат битни инфромации, со што материјалот што го рецензираме е „осакатен“ и не ја пренесува главната поента:

Неправеден е третманот на државата кон децата со аутизам. Без разлика на видот и состојбата на болеста, сите добиваат низок паричен надоместок во ист износ, реагираат дел од родителите и бараат посериозен пристап кон проблемот.

како што можеше да се види во прилозите на дел од медиумите кои известуваа за настанот, а во некои беше меѓу првите вести во дневникот.

press24_mk_mtsp-prodolzhuva-so-grizhata-za-decata-so-autizamЛинк до оригиналниот напис: МТСП – продолжува со грижата за децата со аутизам

Датум и време на објавување: 2.04.2014, 15:08

Датум на рецензирање: 3.04.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРЕМОЛЧЕНИ ИНФОРМАЦИИ

Во текстот се дадени изјавите на директорката на Центарот за социјална работа на Град Скопје, Билјана Јарчевска и на дефектологот, профрсорот Љупчо Ајдински. И тие се точно пренесени. Истите во идентична форма беа објавени во повеќе медиуми, најверојатно, „позајмени“ од државната информативна агенција. Проблемот е во тоа што тие се користат наменски за воспевање на ангажманот на државата околу помошта и социјализацијата на аутистичните деца.

Но, главниот проблем на написот, сепак, е во тоа што во него нема ниту збор за рекацијата на родителите на овие деца со посебни потреби. Во текстот намерно се премолчува нивното незадоволство од грижата на државата, што е прикажано во прилозите на дел од медиумите:

„Преголема жртва е да си мајка на дете со аутизам. Од државата бараме многу работи, барем суплементите и лековите кои треба да ги примаат да бидат од државата, а не од нас. 20.000 денари ни се месечно трошоците, а ние земаме додаток од 4.300 денари,“ вели Весна Андреева, мајка на аутистично дете.

Ова дава сосема поинаква слика на приказната.

Исто така, во написот недостига и реакцијата на опозицијата, која ја прашува  владејачката партија:

  „…ако на 170 страна во Отчетот за сработеното на Владата вели дека Центар за аутизам во Скопје е отворен и функционален, што е она што денес го отворате и тоа токму пред да почне изборната кампања?“

 

ИНТЕНЦИЈА ДА СЕ ФАЛИ ВЛАСТА

Извор на информации  е протоколарен настан – одбележувањето на Меѓународниот ден на аутизмот. Меѓутоа, тој е искористен за промоција на  Дневниот центар за аутизам, со што директно се рекламираат  и „дострелите“ во социјалната политика на Владата.

Иако текстот е релативно опширен за ваков тип на настани, сепак, гледано од содржински аспект, е „тенок“ . Имено, материјалот не им нуди на читателите вистинска информација , туку нештата ги прикажува селективно со јасна интенција да го пофали Минстерството за труд и социјална политика. Но, во написот воопшто не се споменува дека Дневниот центар за аутизам, според  програма на ВМРО-ДПМНЕ 2011-2015, Манифест за реформи и развој, требаше да се отвори во текот на 2013 година. За ова на страниците на проектот Вистиномер има оценка за вистинитоста на ова предизборно ветување.

Ваквиот пристап, се коси со амандманот 1 од  Кодексот на новинари:

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци“.

Интонацијата на текстот  и формулацијата на насловот укажуваат на политичка наклонетост кон партијата на власт. Не случајно написот почнува со информацијата  дека  министерот за труд и социјална политика симболично го одбележал Меѓународниот ден на аутизмот „редејќи голема сложувалка – симбол на оваа состојба, пред дневниот центар за аутизам“ .  Завршниот дел од текстот, пак, треба да го засили впечатокот дека државата води голема грижа за овие деца. Токму затоа во последниот пасус се споменува колку центри за лица со посебни потреби се отворени, каде се планира да се отворат нови, а се најавува и отворање дневен центар на деца со оштетен вид на помала возраст кои не се опфатени со ниту една форма на едукација или рехабилитација.

 

ФОТОГРАФИЈАТА – СЕРИОЗЕН ПРОПУСТ

Написот наликува на извештајот од овој настан што го објави националната информативна агенција. Па, веројатно е преземен оттаму со тоа што се изоставени неколку пасуси и е сменет насловот. И, за разлика од оригиналот, кој има технички, но, сепак, коректен наслов, материјалот што го рецензираме е озаглавен со претенциозен наслов. Тој е спинерски и сугестивен, напишан во коментаторски манир и манипулира со вистината.

 

ГОРЧЛИВ ВКУС

Начинот на кој е обработена и пласирана информацијата делува апологетски.  Од еден „лесен“ настан (одбележување на Меѓународниот ден на аутизмот) медиумот излегува со наменски скроен  пристрасен текст. И наместо материјал со  информативен карактер, добиен е лош новинарски производ со прпагандистички призвук. Гледано во поширок контекст, препознатлива е намерата во јавноста да се креира атмосфера за правилно и правично владеење на актуелната политичка структура, со идеја  таа да се претстави како особено посветена во решавањето на проблемите  во социјалната сфера.

Сепак, медиумите како креатори на јавното мислење имаат посебна улога во општетсвото, но и одговорност при пренесувањето на информациите со цел јавноста да не добие искривена слика за состојбите.  Гледано од тој аспект, во конкретниот случај е направено целосно промашување. Дополнително, останува  и горчливиот вкус  дека е злоупотребена маката на овие деца и нивните семејства за изборни цели.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести