verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Промашен „погодок“: Пристрасен новинар, нецелосен текст

on 9 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #168 - 'Drejtori i VMRO-DPMNE-së godet Ermira Mehmetin' - www_zhurnal_mk_content__id=16429112658

Напис: Директорот на ВМРО-ДПМНЕ удира по Ермира Мехмети

Директорот на Државниот архив, Филип Петровски, преку една објава на „Фејсбук“, ја обвинува поранешната пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети, дека од една страна плаче поради објавените аудиоснимки, додека од друга страна нејзиниот брат е во првите редови на протестите против власта.

„Ермира плаче поради снимките што ги пушти Заев, додека нејзиниот брат се наоѓа во првите редови на протестите со Петрит и со Васил. Кого фарбате вие?“, напишал Филип Петровски, на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

[Рецензија: Директорот на ВМРО-ДПМНЕ удира по Ермира Мехмети]

Едностраноста не е дел од новинарството и таа ѝ штети на оваа професија. Новинарот никогаш не смее да ѝ се обрати на јавноста сè додека, со или без намера, ја фаворизира едната страна. За веста што ја рецензираме, нема факти да кажеме дека намерно е занемарена едната страна, особено по обвиненијата, но имаме основа да кажеме дека поради намерата веста да се пласира што побргу, едната страна е игнорирана. Можеби ненамерно, но тоа не е оправдување.

Доколку едната страна обвинува, веста станува вест токму кога се собираат ставовите од двајцата ривали. Тогаш таа го исполнува новинарскиот стандард, односно се исполнува обврската за балансирано известување. Ова, освен што го прави новинарот професионален во неговиот пристап, прави, исто така, текстот да биде целосен, што не се случува во конкретниот случај, затоа што не е побарано изјаснување од втората страна.

„Директорот на Државниот архив, Филип Петровски, преку една објава на „Фејсбук“, ја обвинува поранешната пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети дека, од една страна, плаче поради објавените аудиоснимки, додека од друга страна, нејзиниот брат е во првите редови на протестите против власта.

Drejtori i VMRO DPMNE së godet Ermira Mehmetin screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Директорот на ВМРО-ДПМНЕ удира по Ермира Мехмети“


Датум и време на објавување:
29.04.2016


Датум на рецензирање:
30.04.2016


Рецензент:
Адриан Керими

Изјавата на апострофираниот директор ги крши човечките права и слободи. Секој поединец има свои ставови и убедувања, затоа новинарот требало да побара став и од директорот и да го праша врз која основа и со какво право обвинува едно лице, само затоа што нејзиниот брат учествува на протести, поврзувајќи ја со целосно други прашања. Вината во овој случај е и на директорот кој ги повредува правата на едно лице, но и на новинарот, кој е најсилниот гарант на човековите права и слободи. Во овој случај, веста треба да биде дека директорот со таквите обвиненија ги повредува правата и слободите, а не дека обвинува една (поранешна) пратеничка.

„Ермира плаче поради снимките што ги пушти Заев, додека нејзиниот брат се наоѓа во првите редови на протестите со Петрит и со Васил. Кого фарбате вие?“, напишал Филип Петровски, на својот профил на социјалната мрежа ’Фејсбук’.“

За да биде целосна веста, по овој пристап на новинарот би требало да стои и ставот на Ермира Мехмети, во овој случај како неосновано обвинета. Мехмети не е одговорна и гарант за убедувањата на нејзиниот брат. Ова треба да го разбере и новинарот и јавноста, како и секој друг поединец.

Етичкиот кодекс на новинарите одредува јасно која е улогата на новинарот во информирањето, токму во делот на балансираното информирање како основна одредба на професионалното новинарство. „Новинарот треба да ја обезбеди „втората страна“, односно да им даде можност на двете засегнати страни во новинарскиот производ да го искажат својот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот посочува сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика“, стои во Прирачникот за етика во новинарството.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести