verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Преобјавувањето на текстовите без проверка е непрофесионално

on 31 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Кај си бе оџа!]

 

Текстот што го рецензираме, всушност, е скратена верзија на оригиналниот текст, објавен на портал на македонски јазик. Иако во оригиналната верзија не се дадени никакви докази за наведените обвиненија и сомнежи, авторот оценил дека текстот е вреден за превод и за преобјавување, не обидувајќи се да ги провери тезите што се пласираат во текстот.

Ku je be o Hoxho    Drejtimi.com   Portal InformativЛинк до оригиналниот напис: Kај си бе оџа!

Датум и време на објавување: 20.08.2015

Датум на рецензија: 21.08.2015

Рецензент: Бењамин Арифи

Според професионалните новинарски правила, пренесувачот на овој текст би требало да контактира и да опфати во текстот најмалку четири страни, пред да го преобјави текстот на албански јазик.

Прво, тој не контактирал со Исламската верска заедница, кон која главно се насочени обвиненијата.

Второ, не е контактирано со двете лица што, наводно, го воделе разговорот што е транскриптиран.

И, последно, не е контактиран авторот на оригиналниот текст на македонски јазик, за да се консултира за изворот на информацијата и за веродостојноста на разговорот што е транскриптиран.

Текстот главно се обидува да покаже спрега помеѓу власта (во конкретниот случај помеѓу функционер во Јавното обвинителство) и Исламската верска заедница. Но, авторот не нуди никаков релевантен аргумент за оваа спрега, освен наводен разговор помеѓу спомнатите функционери.

Веродостојноста на објавениот разговор не е потврдена на ниту еден начин. Разговорот, едноставно, е преточен во текст, но нема никаква информација за тоа како се водел тој разговор, како стигнал до редакцијата и дали редакцијата има некој вид доказ за неговата веродостојност.

Новинарот треба да се воздржи од преобјавување текстови без факти и кои имаат недостиг од релевантност. А ако одлучи да преобјави текст од некој друг медиум, треба првин да се потврдат објавените информации, контактирајќи ги сите инволвирани страни во оригиналниот напис.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести