verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗА

Што се’ се гради на Водно

Здраво Скопје




Сите ги видоа сликите по фејсбук. Зошто новинаров кажува само за нив, наместо да направи новинарско истражување и да дознае и да извести која е вистината, да ги праша надлежните, катастар, Џевахир, кој е се тука вмешан?
http://www.utrinski.mk/?ItemID=1C1F39891BF21E4399F474B7F40C74CB


14 - 03 - 2014


ЗА

Најморничавата теорија: Авионот е украден за да се предизвика Трета Светска Војна

Martell




Содржинава нема никакво новинарско истражување во неа и повеќе прилега за таблоид отколку за портал за вести. Почнувајќи од Хал Турнер кој не бил никаков ФБИ оперативец, туку претставува американски националист кој го негира и Холокаустот до се останато во текстот...
http://netpress.com.mk/najmornichavata-teorija-avionot-e-ukraden-za-da-se-predizvika-treta-svetska-vojna/


14 - 03 - 2014


ЗА

ВЕЛОСИПЕД ВОЗАТ САМО 1,4 ОТСТО СКОПЈАНИ, ДРУГИТЕ ТРПАТ МЕТЕЖ

Точакољубец




Која е таа студија каде податокот е дека 1.4% од скопјаните возат велосипед? Државен завод за статистика не ја води таа статистика, недостига референца до студијата на Град Скопје. Кои (и какви) се тие прелиминиарни пресметки за должината на велосипедските патеки? Недостига референца од каде е изваден податокот за должина на мрежа од 80 (60+20) километри. Освен тоа, Град Скопје со проширувањето на булеварите, со реконструкциите на улиците и на тротоарите секогаш прави услови за непречен велосипедски сообраќај. - може да се проверат новите проширувања, дали оваа изјава е точна. во целост е завршена патеката на десниот брег - не е точно, има голем (долг) прекин во центар под х.Холидеј ин. Се прошируваат улиците, се додаваат ленти, преоѓаат во булевари. Како ќе се зголеми користењето на јавен (алтернативен) превоз со нови сообраќајни ленти за коли? Недостига податок поврзан со насловот. Колку новите проширувања на улици вклучуваат и велосипедски ленти.
http://dnevnik.mk/?ItemID=F802CE9474851B46B381F05A02852A62


14 - 03 - 2014


Претплатете се за најнови вести