verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗА

Никола Проески: Оставете ми го детето на мира

Анонимно




„По објавената снимка на СДСМ со која опозицијата тврди дека владини министри разговараат за неговото семејство, “ - дали 24 вести требало да го вметнат транскриптот од снимката во текстот за оваа вест да биде комплетна? Го даваат во видеото.


12 - 03 - 2015


ЗА

Нема Македонци во Европа, вели мапата на Карл Билт

Гоце Трпковски




Прво, мапата не ја нацртал Карл Билт, туку некој друг корисник на некоја социјална мрежа кај што и он бил член, па само ја споделил. Сигурно не ја проверувал колку е точна. Второ, во текстот се делумно точно препишани грешките во мапата што ги објави белградски Блиц, во една добра статија каде што нагласуваат дека Карл Билт ја споделил мапата без да ги забележи очигледните грешки (без директен напад, како овде, дека тоа го направил намерно). Трето, Карл Билт бил тој што рекол дека нема Македонци во Европа затоа што не биле признати Македонците во Бугарија и во Грција!? Политиката на тие земји кон Македонците е апсолутно за осуда, ама Карл Билт не е вмешан во неа. И четврто, знаеме дека како Македонци сме сами на овој свет и дека Западот ништо друго не прави освен што активно ја мрази Македонија, ама мора ли постојано да бидеме потсетувани за тоа?


10 - 03 - 2015


Претплатете се за најнови вести