verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политичко поентирање без факти

on 23 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

СДСМ во очај ја извртува мерката на Вл_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_s 1

[Рецензија: СДСМ во очај ја извртува мерката на Владата за куќите за млади]

 

Овој материјал е класичен пример за политичко поентирање и напад кон противникот без никакви факти и аргументи. Уште во самиот вовед на текстот, исто како и во насловот, се најавува дека опозицијата на секој можен начин се обидувала преку социјалните мрежи и медиуми блиски до неа, да го оцрни проектот на Владата „Купи куќа за млади“. Написот му ја наметнува ваквата слика на читателот без да му ги презенетира доказите за својата теза.

СДСМ во очај ја извртува мерката на Владата за куќите за млади Kurir.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ во очај ја извртува мерката на Владата за куќите за млади

Датум и време на објавување: 18.12.2015

Датум на рецензирање: 22.12.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ФЕЈСБУК КАКО РЕЛЕВАНТЕН ИЗВОР

„Со очајни обиди СДСМ се обидува да манипулира дека месечните примања на поединецот кој сака да аплицира за овој проект треба да бидат над 900 евра. Како што вчера беше соопштено, според условите месечните примања на поединецот НЕ треба да надминуваат 900 евра.“

Иако не е наведено на што и на кого конкретно мисли авторот, најверојатно  е дека зборува за постот на Јани Макрадули, во кој тој го критикува новиот владин проект. Но, она што се наметнува како дилема е дали Макрадули зборел во свое име или во име на партијата, бидејќи во текстот се нагласува дека „со очајни обиди СДСМ се обидува да манипулира“.

Понатаму останува нејасно на кои социјални мрежи и какви тоа активности се шират за да се изврти владината мерка. Кои се медиумите блиски до опозицијата? Ништо од тоа не е наведено во текстот. Новинарот го убедува читателот во нешто за што не се приложени докази.

„СДСМ уште еднаш докажа дека манипулациите и деструкциите се потврда за немањето на програма и понуда на проекти за граѓаните. Наспроти ваквите очајни обиди на опозицијата, по социјалните мрежи веќе се шират коментари дека ако Владата продолжи со вака СДСМ може да стане и вонпарламентарна партија.“

И повторно социјалните мрежи се во фокусот на текстот и повторно се зборува за коментари кои ги нема никаде. Нејасно е зошто толку се дава на тежина на социјалните мрежи и истите се наведуваат како релевантен фактор или извор кога повеќе од јасно е дека на социјалните мрежи секој може да напише што сака, а тоа сепак да не е партиски став или уредувачка политика на некој медиум.

„Дополнително по објавување на овој проект на Владата, Фејсбук беше преплавен со позитивни коментари во насока дека токму овој проект ќе им овозможи решавање на животното прашање и формирање на свој дом и семејство.“

Целиот текст, практично, е базиран на рекла-кажала, што не остава впечаток дека наводите се веродостојни. Овој материјал повеќе наликува на партиско соопштение, отколку на новинарски напис. Новинарството, пак, подразбира точни и проверени информации, кои ќе му се пренесат на читателот за што тој самиот ќе суди, а не читателот да се убедува во ставовите на авторот. За тоа постојат колумни.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести